Линкови за пристапност

Украина соопшти дека во руските напади биле ранети 8 лица


Русија соопшти дека уништила три украински чамци без екипаж во Црното Море
Русија соопшти дека уништила три украински чамци без екипаж во Црното Море

Украина во вторникот соопшти дека во руските напади во два дела на земјата биле ранети најмалку осум лица.

Во областа Керсон во јужна Украина, руските воздушни напади и артилериски оган ранија четири лица и оштетија голем број куќи, изјави министерот за внатрешни работи Игор Клименко на социјалните мрежи.

Клименко, исто така, рече дека во рускиот напад во областа Харков во североисточна Украина четири лица биле повредени.

Украина и Русија во вторникот рекоа дека нивните војски исто така спречиле напади од непријателски возила без екипаж.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека уништило три украински чамци во северниот дел на Црното Море.

Русија, исто така, соопшти дека спровела „анти-саботажна“ операција во близина на пристаништето во Севастопол, каде што се наоѓа нејзината црноморска флота.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека нивната одбрана соборила шест беспилотни летала што Русија ги лансирала од Крим.

Некои информации за овој извештај дојдоа од агенцијата Франс прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG