Линкови за пристапност

Напредокот на контраофанзивата е побавен од посакуваното, рече Зеленски


Она што е во прашање се животите на луѓето, изјави украинскиот претседател
Она што е во прашање се животите на луѓето, изјави украинскиот претседател

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денес беше цитиран како рече дека напредокот во контраофанзивата на Украина против руските сили е „побавен од посакуваното“, но дека Киев нема да биде под притисок да го забрза.

Некои луѓе веруваат дека ова е холивудски филм и очекуваат резултати сега. „Она што е во прашање се животите на луѓето“.

Неговиот противник, рускиот претседател Владимир Путин, рече дека Москва забележала „затишје“ во контраофанзивата на Украина, која започна на почетокот на овој месец.

Иако Украина сè уште имаше одреден офанзивен потенцијал, Киев сфати дека „нема шанси“, рече Путин во телевизиските изјави.

И покрај тоа што го призна бавниот напредок, Зеленски во посебно видеообраќање рече дека украинските трупи напредуваат на јужниот фронт и држат одбранбени линии на исток, долго време во фокусот на руската кампања долга речиси 16 месеци.

Тој конкретно ја спомена областа Купјанск во североисточна Украина, каде воените претставници велат дека руските трупи вршат зголемен притисок.

„Во Купјанск, што и да планираат руските терористи, ние го уништуваме непријателот. На југ одиме напред...На исток ја држиме нашата одбрана“, рече Зеленски.

Украина соопшти дека вратила осум села во нејзината долгоочекувана контраофанзива, што е нејзина прва значителна добивка на бојното поле во последните седум месеци.

Се верува дека Киев издвоил 12 бригади од илјадници војници, од кои повеќето допрва треба да се приклучат на борбата.

Ројтерс посети некои села што ги вратија украинските сили и потврди напредување од неколку километри.

Москва вели дека се спротивставува на украинскиот напредок од почетокот на јуни.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG