Линкови за пристапност

Официјални лица наведуваат тешки борби во источна Украина


Зеленски ги посети војниците во Одеса
Зеленски ги посети војниците во Одеса

Украина во понеделникот соопшти дека нејзините сили зазеле 37 квадратни километри територија во источна и јужна Украина во текот на изминатата недела.

Заменик-министерката за одбрана Хана Малиар на Телеграм изјави дека украинските војници напредуваат во областа Бахмут на исток, додека Русија напаѓа во Лиман, Адвиивка и Маринка.

Малиар рече дека се водат „тешки борби“ во тие области.

Најголем дел од украинските придобивки беа во јужниот дел на земјата, рече Малиар, со 28 квадратни километри повратени во текот на изминатата недела. Таа додаде дека украинската војска спроведува офанзивни операции во областите Мелитопол и Бердјанск.

Украина започна контраофанзива на почетокот на јуни во обид да ја врати територијата што Русија ја окупираше од почетокот на нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Злосторство на агресија

Нов центар беше отворен во понеделникот во Хаг, фокусиран на истрага и собирање докази за потенцијалните руски злосторства на агресија кон Украина во врска со конфликтот.

Меѓународниот центар за гонење на криминалот за агресија е формиран да работи заедно со Меѓународниот кривичен суд. Меѓународниот кривичен суд може да гони воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид, но нема мандат за злосторства на агресија.

Одделот за правда на САД минатиот месец соопшти дека новиот Меѓународниот центар за гонење на криминалот за агресија „ќе игра клучна улога во екосистемот за гонење на злосторствата извршени во Украина“.

Како дел од своите истраги, Меѓународниот центар за гонење на криминалот за агресија ќе ја испита улогата на руските претставници во војната.

Русија негираше дека целела цивили или дека извршила воени злосторства.

Некои информации за оваа содржина дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG