Линкови за пристапност

Украина постигнува напредок, моралот на руските војници не е висок, вели Пентагон


 Претседателот на Здружениот Генералштаб на Пентагон денес во Брисел рече дека борбата во Украина е многу тешка
Претседателот на Здружениот Генералштаб на Пентагон денес во Брисел рече дека борбата во Украина е многу тешка

Американскиот генерал Марк Мили, претседател на Здружениот Генералштаб на Пентагон, денес во Брисел рече дека Украина „постигнува напредок“, истовремено признавајќи дека „тоа е многу тешка борба. Tоа е многу крвава борба“.

Мили рече дека моралот на руските војници „не е висок“ и дека раководството на московските трупи недостасува.

И генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес изјави дека војната во Украина ја покажува потребата да се застане со Украина и да продолжи да се дава поддршка.

Столтенберг им рече на новинарите при пристигнувањето во седиштето на НАТО дека по започнувањето на долгоочекуваната контраофанзива, Украина постигнала придобивки и ја ослободила окупираната земја од руските сили за време на жестоките борби.

Столтенберг рече дека напредокот на Киев „се должи на храброста, вештините на украинските војници, но исто така истакнува и покажува дека поддршката што сојузниците на НАТО ѝ ја даваат на Украина многу, многу месеци всушност прави разлика на бојното поле“.

Тој истакна дека колку е поуспешна Украина во оваа фаза, толку поголем притисок ќе изврши врз рускиот претседател Владимир Путин да дојде на преговарачка маса.

Столтенберг рече дека ако сојузниците сакаат траен мир во Украина, тие мора да продолжат со воена поддршка на украинските сили.

Пред состанокот на шефовите на одбраната на НАТО, Контакт групата за Украина, предводена од САД, ја одржа својата последна седница денес во Брисел, на која разговараше за воената помош за Украина.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на отворањето на состанокот рече дека борбата во Украина „е маратон, а не спринт“.

„Ние ќе продолжиме да ѝ даваме на Украина итните способности што ѝ се потребни за да ги исполни во овој момент, како и она што ѝ е потребно за да се заштити долгорочно од руска агресија“, рече Остин.

Тој ја истакна потребата да се обезбедат украинските сили со системи за противвоздушна одбрана кои се клучни за заштита на украинските цивили од руските воздушни напади.

„Империјалните амбиции на Кремљ му нанесоа незамисливо страдање на украинскиот народ, но сепак Украинците продолжуваат да не` инспирираат со нивната издржливост, нивната храброст и нивната непоколеблива посветеност да ја задржат својата земја слободна и безбедна“, рече Остин.

Дел од информациите во текстот се од АП, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG