Гувернерот на Порторико Рикардо Росело, денеска во Белата куќа се среќава со претседателот на САД Доналд Трамп, на разговари како федералната влада може да помогне во напорите за помош, реконструкција и обновување по ураганот Марија.
Росело е во Вашингтон, еден месец по невремето, кога островот се` уште се соочува со недостаток од основни потреби - храна, вода и електрична енергија.
Претседателот Трамп вели дека владата вложува одлични напори по кризата во Порторико:
„Имаме огромни количини на вода и храна, но тие мора да ја дистрибуираат до луѓето на островот. Всушност, сега војската ја дистрибуира храната. Навистина нешто треба да сторат.“, изјави претседателот.
Росело на 2-ри октомври побара од Трамп да ја прошири декларацијата за катастрофа, за да може федералните фондови да бидат потрошени за поправка на оштетени училишта, згради и електрани.
Гувернерот побара од Белата куќа и Конгресот најмалку 4,6 милијарди долари во донации и други видови финансиска помош.
Но, Трамп посочи дека ќе има ограничување колкава ќе биде помошта од Вашингтон за Порторико, за да ги реши долгорочните прашања.
Во меѓувреме, многумина во Порторико се фрустрирани од владиниот одговор и лошата инфраструктура на островот и се селат на копнениот дел во САД.
Покрај проблемите со помошта, дождот кој врне веќе една недела предизвика Националната метеоролошка служба да издаде предупредување за поплави за поголем дел од островот.
Facebook Forum