Линкови за пристапност

Сто проценти од Порторико без електрична енергија


И натаму важи предупредувањето дека ураганот Марија може да биде катастрофален

Ураганот Марија стигна до Порторико, како моќна бура од категорија 4, која метеоролозите ја опишуваат како „потенцијално катастрофална“.

Американскиот центар за урагани објави дека Марија има максимална јачина на ветриштата од околу 250 километри на час, и дека поројниот дожд може да предизвика опасни поплави и лизгање на земјиштето.

Заканата се однесува на американските Девствени Острови, а преку ноќта ураганот ќе го погоди Сент Крој.

Се очекува ураганот до крајот на денот да го помине Порторико, и да се упати кон Доминиканската Република.

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба за Порторико и Девствените Острови, и го овласти Одделот за домашна безбедност и Федералната агенција за управување со вонредни состојби да ги координираат хуманитарните напори.

Пред да дојде на територијата на САД, ураганот Марија директно го погоди островот Доминика, а делумно го зафати и Гвадалупе.

Официјални претставници од соседниот француски остров Гвадалупе пријавија најмалку една жртва поврзана со ураганот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG