Линкови за пристапност

Сите урагани на сезоната


Тропската бура Нејт во Централна Америка уби 20 лица. Невремето викендов ќе прерасне во ураган и ќе го погоди американско крајбрежје на Мексиканскиот залив, некаде помеѓу сојузните држави Луизијана и Флорида.

Гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс кажа дека во на некои крајбрежни области источно од Њу Орлеанс им била наредена евакуација, додека сојузната држава се подготвува за Нејт.

Вонредна состојба беше прогласена во градот Њу Орлеанс и 29 окрузи во Флорида, каде некои делови сè уште закрепнуваат од претходните бури.

Ураганот Марија

Потпретседателот Мајк Пенс ќе отпатува за Сент Кроа и Американските Девствени Острови кои беа уништен од ураганите Марија и Ирма.

Пенс ќе изврши проценка на штетата и ќе се сретне со граѓани чии животи беа засегнати од временските услови.

Пенс потоа ќе го посети Порторико, каде ќе биде брифиран од федералните власти за текот на обновата, ќе се сретне со членови на заедницата и ќе учествува на молитвена служба.

Ураганот Ирма

Флорида кис, кои минатиот месец беа уништени од ураганот Ирма, започнаа со туристичката сезона.

Флорида кис кои се долги од околу 200 километри, и беа затворени откако беа погодени од ураганот Ирма. Туризмот допринесува со околу 50 проценти од економијата во областа.

Ураганот Харви

Тексашките законодавци, вклучувајќи го и гувернерот Грег Абот, побараа од Конгресот да одобри дополнителни 18,7 милијарди долари за обновување по ураганот Харви, кој оштети и уништи илјадници домови.

Барањето дојде на еден ден откако администрацијата на Трамп испрати барање од 29 милијарди долари до Конгресот за помош на Порторико, Флорида, Тексас и Луизијана.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG