Карипскиот остров Доминика во текот на ноќта беше директно погоден од ураганот Марија, откако бурата за кусо време зајакна во ураган од најсилната, Категорија 5.
Локалните власти соопштија дека според првичните проценки, причинета е огромна штета, и фокусот ќе биде да им се помогне на повредените лица, или оние заглавени во урнатините.
Според Националниот центар за урагани, и другите острови во регионот се на пат на Марија, вклучувајќи го и Порторико, кој претходно претрпе значителна штета од ураганот Ирма.
Претседателот на САД Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба за Порторико и американскито дел на Деведствените острови, овластувајќи ја Федералната агенција за управување со вонредни состојби – ФИМА (FEMA), да ги координира сите спасувачки напори.
Источно од ураганот Марија, се формира и друго тропско невреме Ли, но во метеоролозите засега не очекуваат да приближи кон Карибите.
Facebook Forum