Линкови за пристапност

Треба да разговараме со САД, но Украина мора да биде на дневен ред, рече Русија


Тоа е потребно бидејќи проблемите се натрупуваат, а има и многу проблеми поврзани со глобалната безбедносна архитектура, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, на прашањето дали Москва е подготвена да разговара со Вашингтон за нуклеарните ризици
Тоа е потребно бидејќи проблемите се натрупуваат, а има и многу проблеми поврзани со глобалната безбедносна архитектура, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, на прашањето дали Москва е подготвена да разговара со Вашингтон за нуклеарните ризици

Русија гледа итна потреба од безбедносни разговори со САД, но тие мора да бидат „сеопфатни“ и да ја вклучуваат темата за Украина, соопшти денес Кремљ.

„Невозможно е да се извадат некои поединечни сегменти од општиот комплекс на акумулирани проблеми и ние нема да го сториме тоа“, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, на прашањето дали Москва е подготвена да разговара со Вашингтон за нуклеарните ризици.

„Значи, ние сме отворени за дијалог, но за широк сеопфатен дијалог кој ги опфаќа сите димензии, вклучително и сегашната димензија поврзана со конфликтот околу Украина, поврзана со директното вклучување на САД во овој конфликт“, рече Песков за новинарите.

САД го отфрлаат тврдењето на Русија дека со вооружувањето на Украина станала директен протагонист во војната чија цел е да ѝ нанесе крупен „стратешки пораз“ на Москва.

САД велат дека какви било преговори за војната се прашање на Украина.

Рускиот став, како што истакна Песков, не е нов. Но, тој им рече на новинарите дека списокот на теми за кои Русија и САД треба да разговараат се зголемува.

„Генерално, овој дијалог е многу потребен“, рече Песков.

„Тоа е потребно бидејќи проблемите се натрупуваат, а има и многу проблеми поврзани со глобалната безбедносна архитектура“.

Од гледна точка на Вашингтон, Путин е тој што во третата година од војната во Украина ја надополнува листата на безбедносни грижи.

Оваа недела тој ја посети нуклеарно вооружената Северна Кореја, потпиша договор за меѓусебна одбрана со нејзиниот лидер Ким Џонг Ун и рече дека можеби ќе ѝ достави руско оружје на Северна Кореја, како одговор на западното вооружување на Украина.

Путин, исто така, во четвртокот повтори дека размислува да ја разгледа руската доктрина за употреба на нуклеарно оружје.

Последниот преостанат договор за контрола на вооружувањето со кој се ограничува бројот на стратешки нуклеарни боеви глави што Русија и САД можат да ги распоредат треба да истече во 2026 година.

XS
SM
MD
LG