Линкови за пристапност

Трамп вели дека не видел алтернативен предлог од арапските лидери за Газа


Претседателот Доналд Трамп по пристигнувањето во Белата куќа, 19 февруари 2025 година, во Вашингтон
Претседателот Доналд Трамп по пристигнувањето во Белата куќа, 19 февруари 2025 година, во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави вчера вечерта дека не видел оти арапските лидери разгледуваат предлог како алтернатива на неговиот план да ја преземе Газа откако ќе заврши војната меѓу Хамас и Израел.

„Не сум го видел тоа“, рече Трамп како одговор на новинарско прашање.

„Кога ќе го видам, ќе ве известам“, додаде тој.

Трамп на почетокот на овој месец рече дека сака да пресели речиси 2 милиони Палестинци од Газа во соседните Јордан и Египет.

Тој рече дека САД ќе ја „поседуваат“ територијата и ќе ја претворат во „ривиера на Блиски Исток“, што поттикна отфрлање од арапските земји.

Не е јасно дали Трамп е сериозен или само се заканува дека ќе извлече отстапки од арапските држави.

За време на состанокот со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во Ријад оваа недела, американскиот државен секретар Марко Рубио посочи дека тоа би можело да биде второто, повикувајќи ги регионалните лидери да дадат контрапонуда.

Претставниците на Египет, Јордан, Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати ќе се сретнат в петок во Ријад за да разговараат за опциите, вклучително и египетскиот план за собирање до 20 милијарди долари во текот на три години од арапските и заливските земји за обнова на Газа.

Според овој план, Газијците нема да бидат принудени да излезат и појасот ќе биде управуван од Палестинци.

Во понеделникот Хамас покажа подготвеност да отстапи каква било улога на владеење по војната.

„Не е неопходно Хамас да биде дел од политичките и административните аранжмани во следната фаза за Газа, особено ако тоа им служи на интересите на нашиот народ“, изјави портпаролот на Хамас Хазем Касим за ТВ Ал Арабија.

Хамас ја даде изјавата како што преговорите за втората фаза од прекинот на огнот треба да започнат за неколку дена, по неколку недели одложување.

Сепак, тој исполнува само дел од клучните барања на Израел и САД - елиминација на владеењето и воената улога на Хамас во повоена Газа.

XS
SM
MD
LG