Линкови за пристапност

 
Рубио е во посета на Саудиска Арабија додека Израел и Хамас се приближуваат до завршувањето на првата фаза на примирјето

Рубио е во посета на Саудиска Арабија додека Израел и Хамас се приближуваат до завршувањето на првата фаза на примирјето


Американскиот државен секретар Марко Рубио се состана со саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд во Ријад, Саудиска Арабија, 17 февруари 2025 година.
Американскиот државен секретар Марко Рубио се состана со саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд во Ријад, Саудиска Арабија, 17 февруари 2025 година.

Американскиот државен секретар Марко Рубио е во Саудиска Арабија, како дел од турнејата низ регионот, која вклучува фокус на прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас.

Се очекува Рубио да се сретне со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман поради приговорите од Саудиска Арабија и другите арапски нации за предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да ги пресели Палестинците од Газа.

Трамп предложи Палестинците да одат во соседните земји, со тоа што САД ќе ја преземат Газа и ќе ја обноват територијата.

Таквиот план навидум би ги елиминирал надежите на Трамп да ја натера Саудиска Арабија да ги нормализира односите со Израел, потег што саудиските власти рекоа дека нема да се случи доколку не постои пат за палестинска држава.

САД целосно ги поддржаа воените цели на Израел во Газа во неделата, при што Рубио рече дека Хамас „мора да се искорени“ и „не може да продолжи како воена или владина сила“

Со оглед на тоа што првата фаза од прекинот на огнот истекува за две недели, Рубио му рече на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на посетата во Ерусалим дека „се додека (Хамас)стои како сила што може да управува или како сила што може да се заканува со употреба на насилство, мирот станува невозможен“.

Повторувајќи го Трамп, израелскиот лидер рече дека „портите на пеколот ќе бидат отворени“ доколку Хамас не ослободи десетици преостанати заложници киднапирани во неговиот напад на 7 октомври 2023 година што ја предизвика војната.

Хамас, терористичка група назначена од САД, во саботата (15 февруари 2025 година) ослободи тројца заложници во замена за речиси 400 Палестинци кои беа затворени во Израел. Но, милитантите продолжуваат да држат десетици заложници што ги заробија во терористичкиот напад во кој загинаа 1.200 луѓе.

Во контраофанзивата на Израел во текот на 15-месечните борби во Газа загинаа повеќе од 48.200 Палестинци, според Министерството за здравство на територијата, кое не прави разлика меѓу борци и цивили. Израел соопшти дека убил над 17.000 милитанти

Привремената втора фаза од планот за прекин на огнот бара Хамас да ослободи десетици преостанати заложници во замена за повеќе палестински затвореници, изготвување на трајно примирје и повлекување на израелските сили. Но, допрва треба да се преговара за деталните услови на договорот.

За време на неговата турнеја низ регионот, Рубио нема да се сретне со ниту еден палестински функционер.

Египет вели дека е домаќин на арапски самит на 27 февруари и дека работи со други земји на контрапредлог кој би овозможил обнова на Газа без отстранување на нејзиното население. Групите за човекови права велат дека протерувањето на Палестинците најверојатно ќе го прекрши меѓународното право.

Арапските нации долго време повикуваат на создавање независна палестинска држава која ќе постои заедно со Израел, што го поддржаа и САД. Но, Нетанјаху се противи на решението со две држави и американското поседување на Газа, исто така, најверојатно ќе стави крај на можноста палестинската држава да ги опфати Газа и окупираниот од Израел Западен Брег.

Египет предупреди дека секој масовен прилив на Палестинци од Газа ќе го поткопа неговиот речиси половина век стар мировен договор со Израел, камен-темелник на американското влијание во регионот.

Некои материјали во овој извештај дојдоа од Асошиетед прес и Ројтерс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG