Линкови за пристапност

 
Обединетите Арапски Емирати отфрлаат каков било обид за раселување на палестинскиот народ

Обединетите Арапски Емирати отфрлаат каков било обид за раселување на палестинскиот народ


Државните медиуми на ОАЕ ги објавија коментарите и рекоа дека претседателот ја истакнал потребата да се спречи проширување на конфликтот во Газа.
Државните медиуми на ОАЕ ги објавија коментарите и рекоа дека претседателот ја истакнал потребата да се спречи проширување на конфликтот во Газа.

Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан му рече на американскиот државен секретар Марко Рубио дека ОАЕ отфрлаат „секакви обиди за раселување на палестинскиот народ од нивната земја“ додека Рубио во средата го посети Абу Даби.


Државните медиуми на ОАЕ ги објавија коментарите и рекоа дека претседателот ја истакнал потребата да се спречи проширување на конфликтот во Газа.


„Тој, исто така, ја истакна важноста од поврзување на реконструкцијата на Газа со патот што води кон сеопфатен и траен мир заснован на решението за две држави, како единствен начин за обезбедување стабилност во регионот“, се вели во извештајот.


Арапските лидери ги отфрлија плановите предложени од американскиот претседател Доналд Трамп, Палестинците да ја напуштат Газа во другите земји во регионот, а САД да ја преземат и обноват палестинската енклава.


Посетата на Рубио беше дел од турнејата меѓу повеќе нации, која вклучуваше и разговори со лидерите во Израел и во Саудиска Арабија, што дојде кога првата фаза од прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа се пресели во последните недели.

XS
SM
MD
LG