Линкови за пристапност

Хамас изрази посветеност за прекин на огнот со Израел


Милитантната група Хамас во четвртокот ја изрази својата посветеност на прекин на огнот со Израел, додека посредниците работеа на зачувување на прекинот на борбите поради обвинувањата за прекршување и заканите за враќање на војната.

„Ние не сме заинтересирани за пропаѓање на договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ние сме заинтересирани за негово спроведување и обезбедување дека окупацијата (Израел) целосно се придржува до него“, рече портпаролот на Хамас, Абдел-Латиф Ал Кануа.

Кануа, исто така, го критикуваше, како што го нарече „јазикот на закани и заплашување“ од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека тие не помагаат во спроведувањето на прекинот на огнот.

Хамас претходно оваа недела го обвини Израел дека го прекршил договорот со продолжување на воздушните напади врз луѓето во Газа и блокирање на помошта.

Милитантната група соопшти дека идните ослободувања на заложниците ќе бидат одложени. Нетанјаху рече дека борбите ќе продолжат доколку повеќе заробеници не бидат ослободени во сабота, а Трамп во понеделникот рече дека „целиот пекол ќе се истури врз Хамас“, доколку заложниците не бидат вратени дома.

Во средата, Израел повика воени резервисти, а министерот за одбрана Кац го повтори предупредувањето на Трамп.

XS
SM
MD
LG