Втор месец по ред, негативен тренд во трговската размена на добра на Македонија со САД.
Според новобјавените податоци на Американското Биро за статистика, во април македонскиот извоз на добра во САД бил 2,4, додека увозот на американски производи во Македонија изнесувал 7,6 милиони долари. Сличен тренд бил регистриран и во март: извозот бил 2,7 милиони, а увозот од САД - 5,7 милиони долари.
Споредено, пак, со април минатата година, извозот бил 6,5, додека увозот 1,7 милиони долари.
Според податоците на Бирото, заклучно со месец април 2013-та, Македонија има позитивен трговски биланс на стоки од 4 милиони долари. Минатата година, Македонија имала позитивен биланс 65.6 милиони долари.