Комисијата за финансии на американскиот сенат одобри предлог закон што на руски производи ќе им даде исти ниски тарифи како на извезените производи од други нации, завршувајќи ги рестрикциите кои беа поставени за време на Студената војна.
Подржувачите велат дека мерката може да помогне да се удвои деветмилионската трговија годишно меѓу два поранешни непријатели.
Промената дојде и покрај приговорите на некои сенатори кои кажаа дека Вашингтон не треба да даде трајно нормализирање на односите со Москва додека таа не запре со испраќање на трупи во Сирија, каде конфликтот уби илјадници лица.
Сенаторот Џон Корнин, републиканец од Тексас, кажа дека Конгресот не треба да ја пропушти шансата да испрати силна порака до Москва.
Но сенаторот Џон Кери, демократ од Масачусетс, не се согласи, велејќи дека успорувањето на трговијата со Русија нема да ги промени акциите на таа држава, но дека ќе им наштети на американските извозници.
За предлог законот да стане закон, мора да мине во Сенатот во полн состав, и да биде одобрен од Претставничкиот дом и претседателот Барак Обама.
Порано, рускиот парламент даде конечна легислативна согласност што ја обврзува Русија да намали некои тарифи и да преземе други акции во замена за приклучување на Светската трговска организација.
Мерката мора да биде потпишана од претседателот Владимир Путин.
Русија е последната од големите светски економии надвор од СТО пред 153-члената група официјално да ја прими во декември.
Подржувачи на СТО велат дека организацијата им помага на економиите на поединечни нации со поттикнување на трговијата.