Американската економија забележа благ пораст во април, мај и јуни во време кога граѓаните ја губат куповната моќ.
Петочниот извештај на Одделот за трговија посочи дека најголемата економија во светот ја зголеми стапката на економски растеж за 1, 5 проценти во вториот квартал од годината. Тоа е многу пониско ниво од првите неколку месеци и е недоволно за намалување на високата стапка на невработеност во САД.
Белата куќа објави дека бавниот економски растеж во голем дел е резултат на „атмосферата на голема загриженост“ за состојбата на домашната економија.
Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни уште еднаш го повика Конгресот да усвои неколку мерки, кои според него, треба да го забрзаат процесот на заздравување на економијата.
Следната недела, виш владин претставник рече дека американската Централна банка ќе направи рутинско разгледување на економските показатели и може да предложи дополнителни мерки за зајакнување на економскиот растеж на нацијата.