Линкови за пристапност

Електронската трговија во подем


Аналитичарите велат дека овој понеделник може да е рекорден за електронската трговија.

Празничните американски купувачи може да направат рекордна електронска трговија за еден ден на продажба, во понеделник, според аналитичарите на comScore. Овие стручњаци велат дека потрошувачите потрошиле рекордни една милијарда долари во кибернетски продажба минатиот петок.

Аналитичарите понеделникот по Денот на благодарноста го викаат „Кибернетски понеделник“ бидејќи тоа е најголемиот ден за шопинг преку интернет за последните неколку години.

Петокот што помина е познат како „Црн петок“ зашто трговците тогаш престануваат да бележат загуби во црвено, и почнуваат да бележат профит со црно мастило. Денот по верскиот и патриотски празник Ден на благодарноста е ден кога се на одмор голем број вработени во САД, и тие го користат тоа време за традиционален шопинг.

Трговците велат дека последните два месеци во годината, кои водат кон Божиќ, на 25-ти декември, кога се разменуваат подароци, чини 20-40 проценти од нивниот годишен приход.
Електронската трговија во подем
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:39 0:00
XS
SM
MD
LG