САД велат дека нивната економија се подобрува со побрза стапка од првично предвиденото. Владиниот Оддел за трговија во четврток кажа дека американската економија, најголема во светот, пораснала за 2,7 проценти во периодот од јули до септември, побрзо темпо од двате проценти растеж што беше искалкулирано минатиот месец. Бизнисите придонеле за побрзиот растеж, зголемувајќи ја снабденоста, додека трговскиот дефицит на државата се стеснил заради поголемиот извоз од увоз.
Економскиот растеж на државата може да забави во последните три месеци од годината. Некои бизниси ги намалија инвестициите и вработувањето, стравувајќи дека претседателот Обама и Конгресот нема да постигнат компромис до крајот на годината за избегнување на автоматските намалувања на трошоците во износ од 600 милијарди долари и зголемување на даноците што ќе ги погоди сите американски работници.