Линкови за пристапност

Светот се движи кон климатска катастрофа, предупреди Гутереш


Сегашните политики го носат светот до пораст на температурата за 2,8 степени до крајот на векот, изјави генералниот секретар на Обединетите нации
Сегашните политики го носат светот до пораст на температурата за 2,8 степени до крајот на векот, изјави генералниот секретар на Обединетите нации

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш рече дека светот се движи брзо кон климатска катастрофа, но одбива да се освести.

„Сегашните политики го носат светот до пораст на температурата за 2,8 степени до крајот на векот“, изјави Гутереш пред новинарите во ОН.

„Тоа значи катастрофа, но колективниот одговор останува за жалење“.

Според Парискиот климатски договор од 2015 година, земјите се обврзаа да го ограничат зголемувањето на глобалната температура на 1,5 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа.

За да се постигне ова, климатските научници на ОН велат дека емисиите на стакленички гасови мора да достигнат врв пред 2025 година и да се намалат за 43 отсто до 2030 година.

„Да се соочиме со фактите. Проблемот не е само емисиите на фосилни горива, тоа се фосилните горива - точка“, рече Гутереш.

„Решението е јасно: светот мора постепено да ги исфрли фосилните горива на праведен и правичен начин - да ги остави нафтата, јагленот и гасот во земјата каде што припаѓаат - и масовно да ги зголеми инвестициите во обновливи извори во праведна транзиција“.

Генералниот секретар рече дека не ги напаѓа нафтените и гасните компании, туку ги повикува да ги користат постојните технологии, капацитети и ресурси за да бидат лидери во транзицијата кон обновливи извори на енергија.

„Ги охрабрувам компаниите за фосилни горива кои сега имаат огромни профити да ги користат своите профити и да ги водат инвестициите во обновливите извори на енергија и во зелената економија“, рече тој.

Гутереш нагласи дека индустријата за нафта и гас имала рекордни 4 трилиони долари нето приход во 2022 година, но за секој долар потрошен за дупчење и истражување, само 4 центи биле наменети за чиста енергија и зафаќање јаглерод.

На само пет месеци до средбата на лидерите на следната конференција за преглед на климата на ОН, позната како КОП28, која ќе се одржи во Дубаи, шефот на ОН бара силни обврски, особено од земјите на Г20 - составени од најголемите економии во светот и се меѓу најголемите емисии.

XS
SM
MD
LG