Линкови за пристапност

Две третини од Американците мислат дека САД не прават доволно да се ублажат климатските промени


Ова го покажува анкета на Асошиетед прес-НОРЦ Центарот за истражување на односи со јавноста
Ова го покажува анкета на Асошиетед прес-НОРЦ Центарот за истражување на односи со јавноста

Речиси две третини од Американците мислат дека федералната влада не прави доволно за да се бори против климатските промени, според новата анкета што покажува ограничена јавна свест за сеопфатниот нов закон што ги обврзува САД на најголемата инвестиција досега за борба против глобалното затоплување, објави АП.

Демократите во Конгресот го одобрија Законот за намалување на инфлацијата во август, овозможувајќи му претседателот Џо Бајден да работи на приоритетите, порди кои неговата партија се надева дека ќе ги зајакне изгледите за задржување на мнозинството во Домот и Сенатот на изборите во ноември.

Бајден и демократските законодавци го промовираа новиот закон како пресвртница, а еколошките групи потрошија милиони за да ги зајакнат мерките.

Сепак, анкетата на Асошиетед прес-НОРЦ Центарот за истражување на односи со јавноста, открива дека 61 процент од возрасните во САД велат дека знаат малку или ништо за тоа.

Иако законот беше нашироко најавуван како најголема инвестиција во трошењето на климата во историјата, 49 отсто од Американците велат дека нема да направи голема разлика во климатските промени, 33 проценти сметаат дека ќе помогне и 14 отсто мислат дека ќе направи повеќе за да им наштети.

Мерката, која помина без ниту еден глас на републиканците, нуди речиси 375 милијарди долари стимулации за забрзување на проширувањето на чистата енергија, како што се ветрот и сончевата енергија, забрзувајќи ја транзицијата од фосилните горива како нафтата, јагленот и природниот гас кои во голема мера предизвика климатски промени.

XS
SM
MD
LG