Линкови за пристапност

САД ќе издвојат 375 милијарди долари за борба против климатските промени и здравстена заштита


Легислативата ја вклучува најзначајната федерална инвестиција во историјата за борба против климатските промени
Легислативата ја вклучува најзначајната федерална инвестиција во историјата за борба против климатските промени

Претседателот на САД Џо Бајден денес го потпишува нацрт-законот за климатски промени и здравствена заштита на демократите, објави Асошиетед прес.

Легислативата ја вклучува најзначајната федерална инвестиција во историјата за борба против климатските промени, околу 375 милијарди долари во текот на деценијата, и ќе ги ограничи трошоците за лекови на рецепт на 2.000 долари годишно за корисниците на Медикеар.

Исто така, ќе им помогне на околу 13 милиони Американци да платат за здравствено осигурување со продолжување на субвенциите обезбедени за време на пандемијата на коронавирус.

Легислативата се финансира од новите даноци на големите компании.

Претставничкиот дом во петокот ја одобри мерката со 220 наспроти 207 гласа.

Таа помина во Сенатот неколку дена порано, а потпретседателката Камала Харис го пресече резултатот од 50-50.

XS
SM
MD
LG