Линкови за пристапност

Судот ја отфрли жалбата на Навални против казната затвор од 19 години


Навални, неговите сојузници, групите за права и западните влади велат дека сите обвиненија се политички мотивирани
Навални, неговите сојузници, групите за права и западните влади велат дека сите обвиненија се политички мотивирани

Рускиот суд денес ја отфрли жалбата на критичарот на Кремљ Алексеј Навални против одлуката да биде затворен под обвинение за екстремизам речиси две децении.

На 4 август, судиите на Московскиот градски суд го осудија Навални под обвинение за екстремизам и го осудија на 19 години затвор, пресудувајќи дека неговите претходно изречени затворски казни ќе се отслужуваат истовремено во најстрогиот затворски режим во Русија.

Навални, неговите сојузници, групите за права и западните влади велат дека сите обвиненија се политички мотивирани.

Првиот апелационен суд во Москва ја потврди казната денес на сослушувањето одржано зад затворени врати.

Јавно беше само читањето на пресудата.

Навални, кој го обвини Кремљ дека сака да го држи доживотно зад решетки и да ги спречи Русите да изразат несогласување, учествуваше во постапката преку видеоврска.

Обвиненијата против Навални нашироко се сметаат за одмазда за неговите напори да го разоткрие она што тој го опишува како распространето беззаконие, корупција и репресија од страна на претседателот Владимир Путин и неговиот политички систем.

Навални беше најгласниот опозициски глас во Русија во последната деценија и поттикна огромни антивладини собири пред да биде затворен.

Дел од информациите се од агенцијата Франс-прес

XS
SM
MD
LG