Линкови за пристапност

Навални осуден на уште 19 години затвор, вели неговиот тим


Затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални денес беше осуден на дополнителни 19 години затвор, откако беше прогласен за виновен по серија нови обвиненија, објавија приврзаниците на Навални на социјалните мрежи.

Во видеото од судското сослушување во казнената колонија источно од Москва, Навални може да се види како носи црна затворска униформа и стои со скрстени раце додека ги слуша пресудите.

Аудио преносот од судот беше толку лош што беше практично невозможно да се открие што зборува судијата.

Навални, најистакнатиот противник на претседателот Владимир Путин, веќе одлежува 11-1/2 години во казнената колонија под обвинение, вклучително и измама, за која вели дека биле измислени за да го замолчат.

Тој во пресрет на пресудата предвиде дека ќе добие „сталинистичка“ казна од уште околу 18 години.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG