Линкови за пристапност

Навални вели дека може да се соочи со доживотен затвор


Рускиот опозициски лидер моментално издржува казна затвор од девет години за измама
Рускиот опозициски лидер моментално издржува казна затвор од девет години за измама

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални вели дека може да биде осуден на доживотна затворска казна поради нови обвиненија за екстремизам и тероризам, кои тој ги опиша како политичка одмазда нарачана од Кремљ.

Навални ја разоткри официјалната корупција и организираше масовни протести против Кремљ во Русија и преживеа труење со нервен агенс за кое го обвини Кремљ.

Моментално издржува казна затвор од девет години за измама. Говорејќи во средата преку видеоврска од затвор со максимална безбедност, Навални побара повеќе време да ги проучи 196-те досиеја што го сочинуваат случајот со екстремизмот.

Судијата му даде рок од 10 дена да го проучи случајот во тек на судењето, за кој се уште не е одреден датум.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG