Линкови за пристапност

Украинскиот народ заслужува да живее во мир и безбедност, рече Бајден


Американскиот претседател Џо Бајден зборува на прием во Музејот на уметност Метрополитен на маргините на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк на 25 септември 2024 година
Американскиот претседател Џо Бајден зборува на прием во Музејот на уметност Метрополитен на маргините на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк на 25 септември 2024 година

Украинската војска денес соопшти дека соборила 20 од 31 беспилотно летало што руските сили ги лансирале во нападите во текот на ноќта.

Пресретнувањата се случиле над регионите Чернихив, Харков, Киев и други места, соопштија од воздухопловните сили на Украина.

Руското министерство за одбрана денес соопшти дека уништило пет украински воздушни беспилотни летала над регионите Волгоград, Воронеж и Белгород.

Гувернерот на Белгород Вјачеслав Гладков, на Телеграм изјави дека нападот со дрон оштетил неколку станбени згради и една куќа, но дека никој не е повреден.

Последната рунда воздушни напади меѓу двете страни следеше по поактивен од вообичаениот ден на напади со беспилотни летала и проектили.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера го осуди масовниот руски напад за кој украинската војска соопшти дека вклучува 106 беспилотни летала и 78 проектили.

„Целта на овој срамен напад беше да се прекине пристапот на украинскиот народ до топлина и електрична енергија во текот на зимата и да се загрози безбедноста на мрежата. Дозволете ми да бидам јасен: украинскиот народ заслужува да живее во мир и безбедност“, рече Бајден во изјава.

САД, рече Бајден, „ѝ обезбедија на Украина стотици проектили за противвоздушна одбрана, а уште се на пат. Му наредив на Одделот за одбрана да продолжи со испораки на оружје за Украина“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија ја гаѓала енергетската инфраструктура како дел од обидот да се „бори за прекин на струјата во Украина“.

Руското министерство за одбрана соопшти дека нападнало критични објекти за енергетска инфраструктура што ја поддржуваат украинската војска.

Некои информации во текстот се од АП, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG