Линкови за пристапност

САД и Словенија најавија дополнителен ангажман за напредок на Западен Балкан кон ЕУ


Поддршката за спроведувањето на реформите и процесот на помирување е од клучно значење за да се обезбеди просперитет за луѓето во регионот, се вели во заедничката изјава на двете држави
Поддршката за спроведувањето на реформите и процесот на помирување е од клучно значење за да се обезбеди просперитет за луѓето во регионот, се вели во заедничката изјава на двете држави

Словенија и САД ја изразија својата намера дополнително да го зајакнат својот ангажман на Западен Балкан, за да го поддржат напредокот на регионот на неговиот европски и евроатлантски пат, и да придонесат за стабилен и отпорен регион, се вели во заедничката изјава на двете држави, по одржувањето на нивниот четврти стратешки дијалог во Љубљана.

„Поддршката за спроведувањето на реформите и процесот на помирување е од клучно значење за да се обезбеди просперитет за луѓето во регионот“, се вели во изјавата што ја објави Стејт департментот.

„Бидејќи регионот се соочува со континуиран одлив на мозоци, помирувањето е од клучно значење за позитивна перспектива за младите луѓе“.

Тие изјавија дека ја поддржуваат Украина додека таа продолжува да ја брани „својата независност, суверенитет и територијален интегритет во нејзините меѓународно признати граници'.

„Двете земји ја потврдија својата постојана поддршка за Украина додека таа ја брани својата иднина и продолжува по патот на евроатлантската интеграција“, се вели во изјавата.

Во однос на Блискиот Исток, ја истакнаа итната потреба да се обезбеди ослободување на сите заложници и да се обезбеди безбедна, доволна и непречена испорака на хуманитарна помош во Газа, како и да се подобри заштитата на цивилите и хуманитарните работници.

„Двете земји се обединети во поддршката за постигнување одржлив прекин на огнот и решение за две држави. Тие, исто така, се посветени на напорите насочени кон зачувување на навигациските права и слободи во Црвеното Море.

Поврзано

XS
SM
MD
LG