Руски напади со беспилотни летала оштетија инфраструктурни локации во западна, централна и источна Украина денес.
Воздухопловните сили на Украина соопштија дека собориле 57 од вкупно 108 беспилотни летала што руските сили ги лансирале во текот на ноќта.
Официјални лица велат дека нападите со беспилотни летала погодиле „критична инфраструктура“.
Гувернерот на Днепропетровск Серхиј Лисак, исто така, на Телеграм рече дека руското гранатирање во понеделникот повредило најмалку пет лица во градот Никопол.
Руското министерство за одбрана соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 32 украински беспилотни летала.
Гувернерот на Белгород Вјачеслав Гладков, на Телеграм изјави дека во напад со украинско беспилотно летало била оштетена куќа, но немало повредени.
Портпаролот на Кремљ денес изјави дека Русија не добила никакви сигнали за потенцијална средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.
Коментарот дојде неколку дена откако Путин рече дека тој и Трамп треба да разговараат за војната во Украина, како и за цените на енергијата.
Некои информации во текстот се од агенцијата Франс - прес и Ројтерс