Линкови за пристапност

Москва објави дека уништила 104 беспилотни летала додека Украина напаѓа области внатре во Русија


Гувернерот на Смоленск, Василиј Анохин, на Телеграм изјави дека Украина се обидела да погоди нуклеарна централа.
Гувернерот на Смоленск, Василиј Анохин, на Телеграм изјави дека Украина се обидела да погоди нуклеарна централа.

Русија во средата соопшти дека соборила 104 украински беспилотни летала во текот на ноќта додека нападите биле насочени кон неколку области кои украинските сили рутински не ги напаѓаат подлабоко во Русија.

Руското Министерство за одбрана објави дека собориле околу три четвртини од беспилотните летала во областите долж руско-украинската граница, вклучително и над регионите Курск, Брјанск, Смоленск и Белгород.

Гувернерот на Смоленск, Василиј Анохин, на Телеграм изјави дека Украина се обидела да удри во централа, но дека нема штета или жртви.

Во Белгород, гувернерот Вјачеслав Гладков изјави дека украинско беспилотно летало стрелало врз станбена зграда, при што е повредено едно лице.

Еден од некарактеристичните напади бил насочен кон регионот Нижни Новгород, кој се наоѓа југоисточно од Москва и на околу 800 километри од украинската граница. Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило три беспилотни летала над регионот.

Гувернерот Глеб Никитин рече дека фрагменти од дрон оштетиле зграда и предизвикале пожар, но не повредиле никого.

Оштетената зграда се чини дека припаѓа на петрохемиската компанија Сибур, која соопшти дека привремено ги прекинала работите во фабриката во Кстово, откако остатоците од дрон предизвикале пожар.

Руската противвоздушна одбрана, исто така, собори украински беспилотни летала над регионите Твер и Ленинград, северно од Москва, кои не се меѓу областите вообичаено вклучени во нападите на Украина.

XS
SM
MD
LG