Линкови за пристапност

Правна пречка за планот на Италија да ги префрла мигрантите во центри во Албанија


Правна пречка за планот на Италија да ги префрла мигрантите во центри во Албанија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:00 0:00

Политиката на Италија за задржување на мигранти во центрите за притвор во Албанија за нивно процесирање наиде на правна пречка - судиите во Рим го префрлија случајот во Европскиот суд на правдата, за кој може да бидат потребни месеци или години за да се донесе одлука. Хенри Риџвел известува.

Италија изгради два центра за задржување мигранти во Албанија. Планот на Рим беше да се забрзаат барањата за азил на мигрантите спасени во меѓународните води, а оние кои нема да успеат, брзо да бидат вратени во земјите од каде потекнуваат.

Италија се надеваше дека ќе обработува барања на 3.000 мигранти месечно во центрите – што е главен фактор за одвраќање на нерегуларна миграција.

Но, досега пристигнале само 24 мигранти од Египет и Бангладеш - и оттогаш сите се вратени назад на италијанско копно по наредба на судот во Рим.

Судиите ја наведоа неодамнешната одлука на Европскиот суд на правдата дека ниту една земја на потекло не може да се смета безбедна ако делови во неа се опасни.

Италијанските судии сега бараат дополнително појаснување на таа дефиниција, објаснува експертката Андреина Де Лео.

„Земјите мора да бидат безбедни во целост. Но, образложението што води до оваа одлука може да се примени и на исклучоци кои не се засноваат на територијален исклучок, туку на групи. Така, на пример, Бангладеш и Египет, на пример, исто така и Тунис, генерално се безбедни - но тие не се безбедни за хомосексуалците, за бранителите на човекови права и другите категории“, вели Де Лео.

Правото на ЕУ има предност во однос на домашното законодавство. На судиите во Европскиот суд на правдата може да им требаат месеци за да донесат одлука.

„Би рекла не помалку од една година. Значи, тоа значи дека ова е блокирано“, додава Де Лео.

Тоа е голем удар за водечката политика на италијанската премиерка Џорџа Мелони - која го оспорува толкувањето на италијанските судии. Говорејќи минатиот месец, таа рече дека договорот со Албанија е револуционерен.

„Ова е нов, храбар, пат без преседан, но кој совршено го одразува европскиот дух“, истакна Мелони.

Мелони оваа недела доби поддршка од Илон Маск, американскиот милијардер и сојузник на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Одговарајќи на одлуката на италијанскиот суд, тој на Икс напиша: „Овие судии треба да си одат“, опишувајќи ги како „неизбрана автократија“.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела ја критикуваше интервенцијата на Маск, велејќи дека тој „мора да го почитува суверенитетот на Италија“.

Италија долго време е на првата линија на миграциската криза во Европа. Нешто повеќе од 58 илјади нерегуларни мигранти пристигнале преку море досега оваа година - иако тоа е за 60% помалку во однос на 2023 година.

Низ ЕУ, владите се под притисок да ја намалат имиграцијата, со неколку договори како оној меѓу Италија и Албанија за обработка на мигрантите во трети земји.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG