Линкови за пристапност

Почнуваат преговорите со ЕУ, дадени ветувања за македонскиот јазик, за идентитетот, за економскиот напредок


Ми претставува огромна чест што можам да се обратам на мојот мајчин, македонски јазик, беа првите зборови со кои премиерот Ковачевски го почна обраќањето на меѓувладината конференција во ЕУ
Ми претставува огромна чест што можам да се обратам на мојот мајчин, македонски јазик, беа првите зборови со кои премиерот Ковачевски го почна обраќањето на меѓувладината конференција во ЕУ

Ќе има зголемени инвестиции, ќе има подобрени трговски врски, поблиска соработка во клучни области како енергетика и транспорт. Ќе ја максимизирате употребата и ефектот од финансиите од ЕУ, рече Урсула фон дер Лајен обраќајќи му се на премиерот Ковачевски

Ми претставува огромна чест што можам да се обратам на мојот мајчин, македонски јазик на денешната долгоочекувана и сосема заслужена меѓу владина конференција, беа воведните зборови со кои премиерот Димитар Ковачевски денеска во Брисел го почна говорот на меѓувладината конференција со која се означи и почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Обраќајки се на конференцијата, Ковачевски рече дека земјава ги почитува и вреднува соседите, како и дека очекува таков однос и од нив.

„Посветено работиме на надминување на предизвиците и унапредување на односите со соседите преку имплементација на Договорот од Преспа со Грција и на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија. Остануваме искрено посветени на нивното ефикасно спроведување во добра воља и разбирање. Идентичен и конзистентен однос очекуваме и од нашите соседи и партнери“, рече Ковачевски.

Претходно, во кусото обраќање до медиумите, премиерот укажа дека францускиот предлог бил препознаен како најдобро можно решение што ги почитува и ги задржува црвените линии за зачувување на македонскиот идентитет.

Идентичен и конзистентен однос очекуваме и од нашите соседи и партнери
Димитар Ковачевски

„Во него е прецизиран македонскиот јазик, без никакви дополнувања и дообјаснувања. Со тоа се отвора вратата нашиот македонски јазик да стане еден од официјалните јазици на Европската унија, што лично го сметам за најголемо достигнување и најважен успех“, рече Ковачевски и додаде дека се надева Северна Македонија да биде пример за најбрза интеграција во Унијата, по примерот на брзата интеграција во НАТО.

Урсула фон дер Лајен: Можете да сметате на мене дека договорот ќе биде преведен на македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички, на еднакво ниво со сите европски јазици
Урсула фон дер Лајен: Можете да сметате на мене дека договорот ќе биде преведен на македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички, на еднакво ниво со сите европски јазици

На медиумите им се обрати и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која го оцени почетокот на преговорите како успех за граѓаните на двете земји.

„Вашиот народ работеше многу за да стигне до тука. Покажавте искрена посветеност на нашите вредности. Ја задржавте вербата во пристапниот процес. Се боревте против корупцијата, имавте слободни медиуми, имате добро граѓанско општество, бројни реформи и ја модернизиравте вашата економија“, рече Лајен.

Договорот (за Фронтекс) ќе биде преведен на македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички, на еднакво ниво со сите европски јазици
Урсула фон дер Лајен

Претседателката Лајен додаде дека веднаш после меѓувладината конференција, почнува скрининг на законодавството. Следен чекор е потпишувањето на договорот за распоредување на силите на Фронтекс на македонска територија.

„Можете да сметате на мене дека договорот ќе биде преведен на македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички, на еднакво ниво со сите европски јазици“, рече Лајен обраќајќи му се на премиерот Ковачевски.

Таа воедно додаде дека отворањето на преговорите ќе значи и повеќе придобивки за напредок на државата.

„Ќе има зголемени инвестиции, ќе има подобрени трговски врски, поблиска соработка во клучни области како енергетика и транспорт. Ќе ја максимизирате употребата и ефектот од финансиите од ЕУ. Тоа значи нови работни места, нови бизнис можности. Ова е тоа за коешто вашите граѓани го чекаа долго време и за коешто работеа толку напорно и го заслужуваат“, рече Дер Лајен.

Албанскиот премиер, пак, во своето обраќање кон медиумите ја оцени за апсурдна досегашната блокада за почеток на преговорите.

„Знаеме дек ова не е почеток на крајот, ова е само крај на почетокот. Ова е ни е потребно за да продолжиме да градиме силна демократска Албанија и силен демократски отворен Западен Балкан“, рече Рама.

Приемот се случува во време на чешкото претседателство. Сепак, премиерот на Чешка, Петр Фиала благодарноста ја упати кон француското претседателство.

„Соочувајќи се со руската агресија, го цениме тоа што сте заедно со ЕУ и со политиките на ЕУ. Иднината на ЕУ е со вас и ви е на дофат“, рече Фиала.

Скринингот почнува денеска попладне. Сепак, од страна на ЕУ денеска беше нагласено дека отворањето на поглавјата во пристапниот процес ќе се случи после т.н. Втора меѓувладина конференција. Таа е условена од уставни измени со кои и бугарскиот народ треба да биде внесен во македонскиот Устав.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG