Двете држави ќе ги усогласат, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот, методолошките упатства, учебниците и други релевантни учебни материјали, соодветно со препораките на Комисијата, во период не подолг од две години по нивното одобрување од Заедничката комисија по чл. 12.
Ова стои во дел од текстот на билатералниот протокол што денеска го потпишаа македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи и бугарската шефица на дипломатијата Теодора Генчовска.
Протоколот е записник од денешниот втор состанок на мешовитата македонско-бугарска меѓу владина комисија, а чија цел е спроведување и унапредување на договорот за добрососедство.
Во делот за измени во учебниците, во протоколот се посочува дека Комисијата за историски прашања ќе ги носи главните одлуки:
„При изучувањето, оригиналите на соодветните историски извори и литературни текстови, да бидат достапни, да се користат и презентираат од соодветните образовни институции. Сите идни резултати од работата на Комисијата ќе се објавуваат заеднички од двете држави во рок од шест месеци по усвојувањето на договорените текстови од Заедничката меѓувладина комисија по член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, стои во протоколот.
Во продолжение, интегралната верзија од протоколот што министерот Османи ја презентираше денеска пред македонските медиуми.
ПРОТОКОЛ
од
Вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија, формирана врз основа на членот 12 од Договорот на пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, кој се одржа
на 17 јули 2022 во Софија
Имајќи го предвид развојот на пријателските односи меѓу државите, засновани на почитување на принципите на рамноправност и правото на самоопределување на народите,
Уверени во неопходноста за зајакнување на безбедноста, стабилноста и соработката во Југоисточна Европа во духот на споделените евроатлантски вредности,
Нагласувајќи ја неопходноста за надминување на отворените билатерални прашања, зацврстување на довербата и стриктно исполнување без понатамошно одложување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во 2017 година,
Двете држави го разгледаа спроведувањето на овој Договор, прифатија мерки за подобрување на билатералната соработка и надминување на отворените прашања во исполнувањето на Договорот.
Дневен ред:
- Преглед на постигнатото во исполнувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија за периодот од 10 јуни 2019 до 10 јуни 2022 година во делот на секторската соработка.
- Усвојување на годишните извештаи за работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.
- Усвојување на насоки за дејствување во исполнувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија за следниот период
- Потпишување на Протоколот од одржаниот Втор состанок на Заедничката меѓувладина комисија.
ПРВА ТОЧКА ОД ДНЕВНИОТ РЕД:
Преглед на политичкиот дијалог и активности:
На ниво на Претседател:
- 26-27 мај 2021 - заедничка посета на претседателот Румен Радев и претседателот Стево Пендаровски на Рим, по повод 24 мај и оддавање почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј во Рим.
На ниво на Премиер:
- 5 јули 2019, средба на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија г- дин Зоран Заев со Претседателот на Владата на Република Бугарија г. Бојко Борисов во рамките на Самитот за Западен Балкан;
- 1 август 2019, Скопје, Дојран - посета на Претседателот на Владата на Република Бугарија г-дин Бојко Борисов на Република Северна Македонија;
- 10 ноември 2020, Софија - посета на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија г-дин Зоран Заев, во рамките на Самитот во Берлин;
- 17.06.2021 - посета на Софија на делегација предводена од премиерот на РСМ г-дин Зоран Заев;
- 18 јануари 2022. - посета на Претседателот на Владата на Република Бугарија г-дин Кирил Петков на Република Северна Македонија;
- 25 јануари 2022. - Втора заедничка средба меѓу владите на Република Бугарија и Република Северна Македонија, одржана во Софија;
На ниво на министри за надворешни работи:
- 28 јуни 2019 - посета на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Никола Димитров во Софија, како специјален гостин на 40. состанок на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Организацијата за црноморска економска соработка (БСЕЦ), на покана на бугарското претседателство со Организацијата;
- 15 август 2019 - посета на вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во град Струмица и град Скопје, Република Северна Македонија;
- 9 март 2020 - посета на вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева на град Скопје, во рамките на настаните организирани во рамките на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес на Бугарија и Република Северна Македонија;
- 9 октомври 2020 - посета на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија г-дин Бујар Османи на Република Бугарија;
- 2 ноември 2020 - работна средба меѓу министрите за надворешни работи на Република Северна Македонија г. Бујар Османи и Република Бугарија г-ѓа Екатерина Захариева во Берлин, Германија;
- 10 ноември 2020 - Посета на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи, во рамките на средбата на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес;
- 15 ноември 2021 - средба на министерот за надворешни работи Светлан Стоев со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи во Брисел во рамките на неформалниот состанок ЕУ-ПСЈИЕ;
- 17 јуни 2021 - Средба на министерот за надворешни работи Светлан Стоев со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи во Анталија во рамките на завршниот форум на ротирачкото турско претседателство со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ);
- 18 јануари 2022 - посета на министерката за надворешни работи г-ѓа Теодора Генчовска во Скопје во рамките на посетата на Претседателот на Владата на Република Бугарија г-дин Кирил Петков на Република Северна Македонија;
- 24 јануари 2022 - посета на делегација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, предводена од министерот за надворешни работи г. Бујар Османи, на Република Бугарија;
- 4 февруари 2022 - посета на министерката за надворешни работи на Република Бугарија г-ѓа Теодора Генчовска во Скопје и заедничко чествување со министерката за култура на Република Северна Македонија г-ѓа Бисера Костадиновска-Стојчевска на 150-годишнината. на раѓањето на Гоце Делчев;
- 16 мај 2022 - средба на министерот за надворешни работи на Република Бугарија г-ѓа Теодора Генчовска и министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија г. Бујар Османи во Брисел;
- 4-5 јуни 2022 - посета на министерката за надворешни работи на Република Бугарија г- ѓа Теодора Генчовска на Република Северна Македонија на одржување на петтиот состанок на експертските тимови на министерствата за надворешни работи на двете земји.
- 10 јуни 2022 - средба на министерката за надворешни работи на Република Бугарија г- ѓа Теодора Генчовска и министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија г. Бујар Османи во Солун во рамките на ПСЈИЕ;
На ниво на Претседател на Собранието:
- 11 февруари 2020 - Претседателката на Народното собрание на Република Бугарија г- ѓа Цвета Карајанчева присуствуваше на церемонијата на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО;
- 29 март 2022 - средба на Претседателот на Народното собрание на Република Бугарија со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, во рамки на Конференцијата на претседатели на парламенти на Европската унија, одржана во Словенија.
Преглед на секторската соработка
Договори, меморандуми, протоколи потпишани до јануари 2022 година
- 23 јули 2019, Охрид - потпишан Протокол помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија во областа на борбата против трговијата со луѓе;
- 20 август 2019 - потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија и Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија за подобрување на политиката за прекугранична соработка и локална самоуправа и зајакнување на институционалниот капацитет на Министерството за локална самоуправа за спроведување на европските политики и проекти;
- 20 септември 2019 потпишан е Протокол помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Република Бугарија во врска со обезбедување обука за МИ - 17 и МИ - 24 во текот на 2019 година;
- 02.10.2019, Скопје - Потпишан договор помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија и Центарот за проценка на ризик во синџирот на исхрана на Република Бугарија за соработка во областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика.
Меѓуресорски работни групи
- РГ 1 - Меѓуресорска работна група за економија, трговија и иновации
На 25 јануари 2022 беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу БСМЕПА и Агенцијата за поттикнување на претприемништвото на Република Северна Македонија. Врз основа на потпишаниот меморандум и имајќи ја предвид корисноста за развој на билатералните економски односи, бугарската страна предлага да се организира бизнис форум заедно со партнерите од Министерството за економија и Агенцијата за промоција на претприемништвото на Република Северна Македонија и економски оператори од ИКТ секторот, прехранбената и фармацевтската индустрија, итн.
На состанокот на Работната група одржан на 01.02.2022 во Скопје, се разговараше за следните мерки за имплементација:
-
- Спроведување на анализа-истражување за здружување на средства;
- Развивање на модел на мешовити заеми преку развојни банки и развој на модел на мешовит капитал преку разни фондови;
- Усогласување во економијата за активностите од заемен интерес;
- Истражување на можностите за консолидирање на програмите за рурален развој.
- Развој на механизам за инвестициска транспарентност и заштита на правата на инвеститорите од двете страни;
- Склучување на меморандум за соработка помеѓу Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија и Фондот за управување со финансиски инструменти во Република Бугарија;
- Склучување на меморандум за соработка меѓу министерствата за финансии на двете земји со посебен осврт на делот на јавните набавки со цел развивање механизми за стандардизација на постапките.
Идентификувани се следните теми од заеднички интерес:
-
-
- Подгрупа „Техничка помош за усогласување на законите и регулативите на ЕУ и трговија со земји кои не се членки на ЕУ“ со следните теми:
- Подгрупа „Размена на искуства во областа на јавните набавки“
- Подгрупа „Иновации и алатки“
- Подгрупа „Техничка помош за усогласување на законите и регулативите на ЕУ и трговија со земји кои не се членки на ЕУ“ со следните теми:
-
Начелно беше постигнат следниов договор:
- Бугарија да достави список на инвестициски компании со цел да се разговара за намалување на административните бариери за бизнисот;
- Обезбедување техничка помош за усогласување на политиките во одредени области и размена на добри практики;
- Организирање форуми во кластери, мешани програми за трговија и инвестиции, учество на комори;
- Се разговараше за можноста за потпишување на следните меморандуми:
- Меморандум за соработка во областа на борбата против прекуграничната измама;
- Меморандум за соработка во областа на стандардизацијата;
- Меморандум за соработка во областа на акредитацијата;
- Меморандум за соработка во областа на метрологијата;
- Меморандум за соработка во областа на надзорот на пазарот и заштитата на потрошувачите;
- Меморандум за соработка во областа на иновациите, со носители: ФИТР и Националниот фонд за иновации на Република Бугарија;
Во областа на економската соработка
Беа опфатени следните теми:
- Размена на добри практики и техничка помош во главните области на економската политика поврзани со индустриската политика, паметната специјализација, како и во областа на малите и средни претпријатија (МСП), вклучувајќи мерки, имплементација и учество во програмите на ЕУ;
- Споделување искуство во областа на усогласување на националното законодавство со европското во областа на небанкарскиот финансиски сектор, претприемништвото и индустриската политика;
- Поддршка за Поглавје 20 (Претпријатија и индустриска политика);
- Промовирање на можности за соработка помеѓу коморите, факултетите и бизнисите за заедничко аплицирање во европските програми и фондови (поефикасно искористување на можностите што ги нуди Програмата за единствен пазар на ЕУ), HORIZON Europe и други.
- Размена на искуство и техничка помош (TAIEX) за креирање мерки и активности за развој на претприемништвото и конкурентноста на МСП, ангажман на експерти од Република Бугарија во областа на координација на деловните и гранковите политики во Поглавје 20;
- Подготовка за Втората седница на Меѓувладината комисија за економска соработка;
- Идентификување на приоритетни сектори за развој и континуитет на приоритетните сектори за развој;
- Обезбедување заштита на бизнисот и инвеститорите од двете страни;
- Насочување стратешки инвестиции од двете страни во областа на инфраструктурата, образованието, телекомуникациите, медиумите, банкарскиот сектор итн.
- Размена на информации за моделот за поддршка на МСП како и за деловната инфраструктура за поддршка на МСП (бизнис центри, инкубатори, технолошки центри итн.),
- Размена на добри практики и техничка помош за главните столбови на економската политика поврзани со индустриската политика (вклучувајќи зелена и дигитална трансформација на бизнис секторот).
Во областа на земјоделството
На 25 јануари 2022 беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија и Министерството за земјоделство на Република Бугарија за соработка во областа на земјоделството, земјоделските науки, руралните средини и шумарството.
За време на првиот состанок на РГ од бугарска страна, беше предложено до партнерите во Северна Македонија да обезбедат експертска помош преку обука на експерти и размена на искуства во спроведувањето на државната политика во областа на квалитетот и безбедноста на храната, здравјето на животните, здравјето на растенијата и граничната контрола.
Се разговараше за можностите на министерствата за земјоделство да формираат заедничка работна група на експертско ниво, каде ќе се разменуваат искуства и ќе се воспостави соработка во следните области:
- Имплементација на инструментите за претпристапна помош на ЕУ;
- Земјоделски науки;
- Шумарство и лов;
- Производство, биопроизводство и биотехнологија во земјоделството и сточарството;
- Транснационална соработка во руралните средини.
Во областа на финансиите
- Обезбедување техничка помош за анализа на степенот на усогласеност на националното законодавство со пресудите на Судот на правдата на Европската унија во областа на слободното движење на капиталот (Поглавје 3.04 Слободно движење на капитал) и изготвување патоказ со активности и рокови за спроведувањето на правилата на ЕУ за слободно движење на капиталот;
- Обезбедување техничка помош за усогласување на националното законодавство со Регулативата 1233/2011 и споделување на искуства и добри практики од дејноста на Државната банка за развој на Република Бугарија;
- Подготовка за склучување на Меморандум за соработка во областа на борбата против прекуграничната измама со цел да се формира Заедничка работна група за борба против прекуграничната измама, земајќи го предвид системот на интегрирано гранично управување;
- Натамошно продлабочување на соработката и размена на супервизорски информации меѓу Комисијата за финансиски надзор на Република Бугарија и Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, врз основа на Меморандумот потпишан во 2004 за меѓусебна помош и размена на информации за надзор прашања за хартиите од вредност меѓу двете органи;
- Натамошно продлабочување на соработката и размена на супервизорски информации помеѓу Комисијата за финансиска супервизија на Република Бугарија и Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Северна Македонија во рамки на Меморандумот за меѓусебна помош и размена на информации за супервизија на осигурувањето меѓу двете тела;
- Комисијата за финансиска супервизија на Република Бугарија и надлежните органи на Република Северна Македонија да одржат дискусија за конкретни области во кои ИФЦ може да помогне во усогласувањето на националното законодавство на Република Северна Македонија со acquis, како и разгледување различни опции за имплементација на таква поддршка.
- РГ 2 - Меѓуресорска работна група за инфраструктура, транспорт, поврзување
Во рамките на секторот за инфраструктура и регионална политика, постигнат е следниов напредок во приоритетните области идентификувани во јануари 2022 г.:
-
- Подготовка на Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021 - 2027, кофинансирана од Европскиот фонд за регионален развој и Инструментот за претпристапна помош.
На онлајн состанок на 11 март 2022, Заедничката работна група (JWG) за развој на програмата помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија ја одобри финалната
верзија на INTERREG VI-A IPA Bulgaria - North Macedonia 2021, програма за 2027 година. JWG му даде мандат на Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија во својство на Управен орган да ја достави програмата до Европската комисија и да води преговори до нејзино одобрување.
Владата на Република Бугарија ја одобри содржината на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027 и обврските на Република Бугарија да обезбеди национално јавно кофинансирање во износ од 15%. Владата, исто така, му даде мандат на Вицепремиерот и Министерот за регионален развој и јавни работи да потпишат писмо за поддршка на програмата. Во врска со доставувањето на програмата до Европската комисија, писмо за поддршка на програмата даде и Министерот за локална самоуправа на Република Северна Македонија.
-
- Создавање услови за реализација на стратешкиот инфраструктурен проект „Изградба на нов граничен премин меѓу општините Струмјани и Берово“, предвиден за финансирање во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021 година. - 2027 г.
На 14 април 2022 во Софија се одржа првиот официјален состанок на Мешовитата експертска комисија за утврдување на параметрите на граничниот премин Струмјани-Берово, како основа за технички проект. На првиот состанок беше предложен за расправа и усвојување Внатрешен деловник за работа на Мешовитата експертска комисија. Беа презентирани и дискутирани главните позиции на двете страни во однос на релевантноста на меѓувладиниот договор од 1999 за отворање на нов меѓународен патен граничен премин меѓу двете страни.
-
- Имплементација на Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за регионален развој и јавни работи и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија од 20 август 2019 година.
Првата официјална средба за Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за регионален развој и јавни работи и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија се одржа на 10 февруари 2022 година во Софија. Се разговараше за добрите практики во изработка и спроведување на политиките за регионален развој во Република Бугарија и Република Северна Македонија поврзани со градење капацитети на регионално ниво и децентрализација на управувањето. На средбата беше презентирано искуството на Република Бугарија за мостно финансирање на европски проекти на општините од Фондот на ФЛАГ и за заштита на финансиските интереси на ЕУ преку системите за администрирање на неправилности. Врз основа на аранжманите на состанокот, беа преземени следните иницијативи:
Во периодот 31.03.-01.04.2022, Министерството за регионален развој и јавни работи и НАМРБ (Национално здружение на општините на Република Бугарија) заеднички организираа форум на општините од прекуграничниот регион Бугарија - Северна Македонија со цел да се создадат услови за поблиска соработка и подготовка на заеднички проекти, размена на искуства и знаења за поцелосно вклучување во програмата за прекугранична соработка. На настанот присуствуваа премиерот на Република Бугарија Кирил Петков, вицепремиерот и министер за регионален развој и јавни работи Гроздан Караѓов, министерот за локална самоуправа на Република Северна Македонија Горан Милевски и 26 градоначалници на Благоевградска и Ќустендилска и североисточна област во Бугарија, како и Источен и Југоисточен плански регион во Северна Македонија. Во рамки на форумот беа презентирани резултатите постигнати со тековната програма помеѓу Бугарија и Северна Македонија 2014-2020 година, како и приоритетите и можностите за финансирање на општинските проекти во рамките на новата програма за периодот 2021-2027 година.
Беше предложено Анализа на можностите на Фондот за FLAG при Министерството за регионален развој и јавни работи да послужи како модел за партнерите од Северна Македонија да обезбедат мостно финансирање за општински проекти, вклучително и трансфер на знаење и/или давање заеми (осигурување на средства од заеми) на општините од Северна Македонија
кои учествуваат во проекти од идната програма Бугарија-Северна Македонија 2021-2027 година.
Соработка во областа на транспортот
Од почетокот на 2022 до сега во областа на транспортот се преземени следните активности и постигнати се следните резултати:
На 18 јануари 2022 во Скопје се одржа средба помеѓу министерот за транспорт и врски на Република Бугарија, г-дин Николај Сабев и министерот за транспорт и врски на Република Северна Македонија, г-дин Благој Бочварски. На средбата беше постигнат договор за отворање на авионската линија Софија-Скопје, а се разговараше и за можностите за забрзан развој на железничката и патната инфраструктура во правец на Коридорот 8.
За време на првиот состанок на Меѓуресорската работна група помеѓу Бугарија и Северна Македонија „Инфраструктура, транспорт и поврзаност“, кој се одржа на 25 јануари 2022, министрите за транспорт и врски на двете земји ги истакнаа следните приоритетни области за заедничка работа во областа на транспортот:
- Забрзани акции за реализација на железничката траса Софија-Скопје;
- Спроведување на активности за заедничка експертска помош за проектирање на железничката врска и тунелот меѓу железничките инфраструктури на двете земји;
- Преземање заеднички акции на Бугарија, Северна Македонија и Албанија пред службите на Европската комисија за вклучување на врската Софија-Скопје-Тирана-Драч во насока на предложениот нов коридор „Западен Балкан“;
- Отворање на директна авионска линија Софија-Скопје. На состанокот беа потпишани следните документи:
- Меморандум за разбирање за развој на железничката врска Софија-Скопје помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија;
- Заедничка изјава од областа на патниот и воздушниот сообраќај меѓу двајцата министри за транспорт на Република Бугарија и Република Северна Македонија.
На 10 февруари 2022 во Софија се одржа Вториот состанок на Меѓуресорската работна група помеѓу Бугарија и Северна Македонија, за соработка во областа на инфраструктурата, транспортот и поврзувањето. На средбата се разговараше за следните теми:
- Отворање лет на авио линија Софија - Скопје;
- Расправа за резултатите од состанокот на Мешовитата комисија за меѓународен патен транспорт помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија;
- Координација на подготовката на нацрт писмо од министрите за транспорт на Република Бугарија, Република Северна Македонија и Република Албанија со кое се бара средба со Европската комисија за вклучување на врската Софија-Скопје-Тирана-Драч во новопредложениот коридор Западен Балкан, а во контекст на ревизијата на Регулативата за насоките на Унијата за развој на трансевропската транспортна мрежа;
Согласно потпишаната заедничката изјава на 25 јануари 2022 г., на 10 февруари 2022 во Софија се одржа состанок на Мешовитата комисија за меѓународен патен транспорт меѓу Бугарија и Северна Македонија. На средбата се разговараше за годишната квота на дозволи за патен транспорт за и од трети земји, како и за прашања поврзани со превозот на патници, за што беше потпишан Протокол.
На 11.02.2022, како резултат на исполнување на постигнатите договори, се отвори авио линијата Софија-Скопје.
На 4 март 2022, согласно постигнатите договори, министерот за транспорт и врски на Република Бугарија, г-дин Николај Сабев испрати писмо до министрите за транспорт на Република Северна Македонија и на Република Албанија за разгледување и одобрување на нацрт заедничко писмо до еврокомесарите Адина Валјан и Оливер Вархеји со барање за вклучување на железничката линија Скопје-Драч во главната мрежа и целата железничка линија Скопје-Драч во Европскиот транспортен коридор „Западен Балкан“.
На 07.03.2022 во Ќустендил се одржа средба помеѓу генералните директори на НРИЦ (ДП НКЖИ на Република Бугарија) и Железници на Република Северна Македонија – Инфраструктура за прашања од железничката линија Софија – Скопје.
На 14 март 2022 г., дополнителен допис е испратен до министрите за транспорт на Северна Македонија и Албанија, во кој се бара информација за активностите за изградба на транспортната инфраструктура, кои се планирани да се реализираат во Северна Македонија и во Албанија до 2030 и даден е предлог за одржување заеднички состанок со европскиот комесар за транспорт, г-ѓа Адина Валијан, и комесарот за соседство и проширување, г-дин Оливер Вархеји, во Брисел кон средината или крајот на април оваа година.
На 14 март 2022 е испратен допис до Министерот за транспорт и врски на Северна Македонија со барање да се обезбедат слотови кои ќе придонесат за максимален развој на авиокомпанијата.
Дополнително, се работи на продолжување на активностите за изградба на железничката прекугранична врска и модернизација на делниците од релација Софија-Скопје до 2030 г.
Соработка во областа на комуникациите
На 25 јануари 2022, меѓу министерот за транспорт и врски и министерот за електронска влада на Република Бугарија, од една страна, и министерот за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија, потпишана е заедничка изјава меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, со која двете страни се обединуваат околу желбата да ги намалат меѓународните тарифи меѓу себе за доброто на граѓаните на двете земји, преку заемна помош меѓусебно да потпишат билатерален договор што ќе го ратификуваат парламентите на две земји, со цел мобилните оператори во двете земји да ги направат потребните напори за намалување на цените на големо завршување на повиците што доведува до високи цени за мобилни повици, СМС и роаминг на податоци, додека не се достигнат лимитните нивоа во Европската унија.
Во февруари 2022 одржани беа состаноци со бугарските телекомуникациски оператори на кои се разговараше за можностите за намалување на цените за роаминг со Cеверна Mакедонија.
На 10 февруари 2022 одржана е средба со претставници на Агенцијата за електронски комуникации на Република Северна Македонија со цел да се утврдат идните чекори за спроведување на договорите за намалување на роаминг преку максимум користење на можностите предвидени во Меморандумот за разбирање за намалување на тарифите за меѓународниот роаминг за телекомуникациски услуги, потпишан на 23 ноември 2017 во Струмица. Како резултат на средбата меѓу двете страни, договорени се следните чекори:
- Одржување состаноци на телото за креирање политики со Регулаторот и со операторите на национално ниво во Бугарија и во Северна Македонија;
- Одржување состаноци (виртуелни или лице в лице) меѓу министерствата, регулаторите и операторите на Бугарија и Северна Македонија со цел да се разговара за опциите за усогласување на големопродажните цени во согласност со европскиот пазар за роаминг, во согласност со применетите цени на големо во ЕУ;
- Информирање на ЕК за преземените активности за намалување на цените за роаминг;
- Измена, врз основа на постигнатите резултати, на Меморандумот за разбирање за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги, потпишан на 23 ноември 2017 во Струмица како механизам за постигнување пониски цени за крајните корисници.
По средбата на 10 февруари 2022 беа одржани повеќе состаноци на ниво на регулатори од двете страни, на кои се разговараше за потпишување на билатерален меморандум во кој се конципира процесот на намалување на цените на роаминг со текот на времето со конкретни цени месечно.
Соработка во областа на енергетиката
Во извештајниот период се одржаа три состаноци на Меѓуресорската работна група за соработка со Република Северна Македонија „Инфраструктура, транспорт и поврзаност “во секторот „Енергетика“.
Меѓу темите на средбата, одржана на 25 јануари 2022 во Софија, беа и заедничките проекти за зголемување на енергетската безбедност на двете земји.
Во енергетскиот сектор, бугарската страна презентираше информации за спроведување на преземените обврски во однос на реализацијата на заеднички проекти кои придонесуваат за зголемување на енергетската безбедност, диверзификација на изворите и рутите за снабдување со природен гас, градење енергетска интерконекција и либерализација на пазарот на електрична енергија во ЈугоисточнаЕвропа.
Двете страни го потврдија постоењето на активен дијалог помеѓу Булгартрансгаз ЕАД и Националните енергетски ресурси АД, Скопје (НЕР АД), во врска со физибилити студијата за втор гасен интерконектор, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија, Бугарија и Република Северна Македонија, Меморандумот за разбирање за соработка во областа на природниот гас помеѓу Министерството за енергетика на Република Бугарија и Министерството за економија на Република Северна Македонија, и Договорот меѓу Операторите за пренос на гас од двете земји во соработка и со системот за пренос на гас на Северна Македонија ГА-МА ЕАД, во врска со нацрт-договорот за интерконекција.
На состанокот на Меѓуресорската работна група „Инфраструктура, транспорт и поврзаност“, одржан на 10 февруари 2022, беа презентирани и дискутирани теми поврзани со можностите за диверзификација на испораките на природен гас во Република Северна Македонија, обединувањето на пазарите на електрична енергија, воведувањето на европската регулатива CACM (Capacity Allocation and Congestion Management) во законодавството на Република Северна Македонија, правилата за трговија со електрична енергија, како и прашања поврзани со подготовката и измените на процедурите на SDAC (Single Day Ahead Coupling).
Технички, Бугарија може да испорачува природен гас за Република Северна Македонија преку единствената постоечка врска Ќустендил - Жидилово. Во моментов нема потпишан договор за интерконекција меѓу двете страни. Причината е што во тек е трансформација во спојувањето на двете компании од Република Северна Македонија, кои се занимаваат со пренос на природен гас - „НЕР“ и „ГА-МА“. Дури по спојувањето на двете компании ќе се потпише Договор со Булгартнасгаз ЕАД, кој ќе обезбеди трансфер на дополнителни количини природен гас од Бугарија во Северна Македонија и ќе придонесе за поголемо искористување на постоечките технички капацитети.
Булгартрансгаз ЕАД е во процес на имплементација на проект за проширување и удвојување на капацитетот на подземното складиште за гас Чирен (Чирен УГС). Проектот се очекува да биде завршен во последниот квартал на 2024 година, а од 01.01.2025 година објектот ќе биде пуштен во употреба. Успешното завршување на проектот за зголемување на капацитетот на складиштето за гас Чирен ќе има значително влијание врз развојот на пазарите на природен гас во Република Северна Македонија, бидејќи тамошните компании ќе можат да ги искористат флуктуациите на цените во текот на летото и зимата, иќе ја зголеми нивната конкурентност.
Булгартрансгаз ЕАД, преку својата подружница Гас Хаб Балкан ЕАД, оперира со платформа за тргување со природен гас која нуди разновидни производи - краткорочни (интраден, ден пред, викенд и неделно) и долгорочни. За балансирање и зголемување на ликвидноста на системот, идниот оператор на преносна гасоводна мрежа на Република Северна Македонија ќе треба да ги воведе овие производи. Во таа насока, Република Бугаријаим нуди на своите партнери од Република Северна Македонија размена на искуства и добри практики стекнати во текот на функционирањето на платформата.
Третиот состанок на меѓуресорската работна група „Инфраструктура, транспорт и поврзување“,дел „Енергија“ се одржа на 25 март 2022 година во Скопје.
Главна тема на средбата беше соработката во областа на природниот гас - особено гасната интерконекција и моменталната состојба на проектот за интерконектор Петрич- Струмица. Двете земји известија дека имплементацијата на големи инфраструктурни проекти за гас во регионот на Југоисточна Европа, вклучувајќи гопроширувањето на Chiren UGS и терминалот за течен природен гас во близина на градот Александрополис, ќе доведе до обезбедување конкурентни цени на пазарот на природен гас, поголема сигурност во снабдувањето и диверзификацијата на изворите и рутите. Се разговараше и за можноста за потпишување на правно обврзувачки документ: „Патоказ за развој на соработката помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија во областа на природниот гас“.
Документот вклучува:
- Појаснување на минималниот влезен притисок во системот за пренос на гас на Република Северна Македонија, со цел зголемување на капацитетот на ИП Ќустендил/Жидилово;
- Склучување на Договор за интерконекција на мрежите за пренос на гас во ИП Ќустендил/Жидилово;
- Долгорочна резервација на Северна Македонија на капацитет за складирање (до 250 мил. кубни метри) во UGS Chiren, во рамките на дополнителниот капацитет при неговото проширување;
- Спроведување на обврзувачки пазарен тест и долгорочно резервирање од страна на Северна Македонија на преносен капацитет преку интерконекторот Бугарија- Северна Македонија;
- Транспонирање до максимален степен во законодавството на Северна Македонија на регулаторната рамка на ЕУ во секторот за гас;
- Интеграција на пазарите на природен гас во Бугарија и Северна Македонија (како прва фаза - по принципот на сателитски пазар).
Булгартрансгаз ЕАД одржува комуникација со НЕР АД во врска со изградбата на нова интерконекција помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија. Потребата одцелосно приклучување на интерконектор Петрич-Струмица со проширување на системот за пренос на гас на Република Северна Македонија, на пр. во Неготино, е несомнена, но техничките и инвестициските одлуки се целосно во надлежност на македонската страна.
Булгартрансгаз ЕАД има прелиминарна студија за втор интерконектор на релација Петрич-Струмица. Имплементацијата на проектот зависи од присуството на пазарен интерес од страна на корисниците на мрежата на двата оператори за пренос на гас.
РГ 3 - Меѓуресорска работна група „Европска соработка - зелена транзиција и дигитална трансформација, владеење на правото“
По инаугуративната средба на Работните групи, одржана на 25 јануари 2022 за време на заедничката средба на владите на Република Бугарија и Република Северна Македонија, вториот и третиот состанок на групата се одржаа на 10 март 2022 (во Софија) и 4 април 2022 (во Скопје).
На двете средби беа потпишани следните билатерални документи:
- Меморандум за разбирање за соработка во поштенската сфера помеѓу Бугарските пошти ЕАД и Поштата на Северна Македонија АД;
- Двогодишна програма за периодот 2022-2023 меѓу Министерството за животна средина и води и Министерството за животна средина и просторно планирање за имплементација на актуелниот билатерален договор за соработка во областа на животната средина и водите;
- Електронска декларација за соработка во областа на електронските услуги за сертификација и електронската идентификација.
За време на третиот состанок на работната група, вицепремиерот на Бугарија за климатска политика и министер за животна средина и води г. Борислав Сандов го најави почетокот на проектот „Зајакнување на институционалниот и административниот капацитет за преговори за Поглавје 27: Животна средина на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и неговите регионални структури во процесот на пристапување во ЕУ“. Проектот е изработен од Министерството за животна средина и води на Бугарија и е насочен кон подобрување на дијалогот и соработката со Северна Македонија. Финансирањето се обезбедува преку Бугарската официјална развојна помош.
Годишна програма на работната група „Европска соработка – зелена транзиција и дигитална трансформација, владеење на правото“
Во текот на вториот и третиот состанок на Работната група III, беа идентификувани и започнати заеднички активности и иницијативи, според различните области од делокругот на работната група „Европска соработка - зелена транзиција и дигитална трансформација, владеење на правото“. Овие активности се утврдени во нацрт Годишната програма на Работната група „Европска соработка - зелена транзиција и дигитална трансформација, владеење на правото“.
Програмата за работа го опфаќа периодот до крајот на 2022. Нацрт-програмата ги предвидува следните заеднички активности
Ефективно управување
- „Европа од моите соништа“ – писмен натпревар за деца.
Натпреварот има за цел децата од двете страни на границата да ги споделат своите размислувања за тоа каков треба да биде светот и ЕУ, за каква иднина сонуваат нивните земји. Најдобрите писма ќе бидат наградени со семеен одмор на топ дестинации во другата земја - т.е. победниците од Бугарија одат на Охридското Езеро, а оние од Северна Македонија - во Златните Песоци.
- Размена на најдобри практики во врска со спроведувањето на Оперативната програма
„Добро владеење“
- Спроведување на заедничка Академија за лидерство помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и билатерални форуми за размена на искуства во јавната администрација.
Двете земји ќе организираат заеднички форуми на полето на различни реформи во јавната администрација (административни услуги, е-влада, транспарентност, антикорупциски политики итн.). Билатералните форуми се очекува да се одржат во Софија и во Скопје.
Учесници на Академијата ќе бидат експерти од администрациите на двете земји. Првото издание ќе се одржи во Бугарија, регионот Бургас. Второто издание ќе се одржи во Северна Македонија. Во академијата ќе членуваат 15 претставници од државната администрација на двете земји. Секоја институција ќе треба да ги сноси трошоците за учество во програмата - превоз, хотелско сместување и службени патувања. Програмата ќе се формира врз основа на предлозите на Институтот за јавна администрација на Република Бугарија и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија, а ќе вклучува предавачи/фасилитатори од двете страни.
- Размена и развој на граѓанското општество помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија.
Активностите во оваа област имаат за цел да го зголемат знаењето на претставниците на централната власт и граѓанските организации за постојниот механизам, процедури и финансирање за поддршка на граѓанското општество и граѓанскиот плурализам во Република Северна Македонија и Република Бугарија. Двете земји работат на формирање заеднички фонд за поддршка на соработката на граѓанските организации во Република Бугарија и Република Северна Македонија.
Зелена транзиција, заштита на животната средина
- „Зајакнување на институционалниот и административниот капацитет за преговори за Поглавје 27: Животна средина на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и неговите регионални структури во процесот на пристапување во ЕУ“.
- Имплементација на Договорот помеѓу Министерството за животна средина и води на Република Бугарија и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија за соработка во областа на заштитата на животната средина и водите.
Претстои првиот состанок на Мешовитата комисија за соработка во областа на животната средина и водите во Софија, чиј дневен ред е во подготовка.
Дигитална трансформација и електронска контрола
- Електронска декларација за соработка во областа на услугите за електронска сертификација и електронска идентификација - потпишана на третиот состанок на Работната група во Скопје на 4 април 2022 г.
- Формирање на Заедничка работна група - според чл. 2 од Декларацијата за соработка.
Целта е да се разменат добри практики помеѓу главните јавни органи во областа на стратешко планирање на услугите за е-доверба и е-идентификација, програмирање, управување и имплементација на програми во согласност со алатките за надворешна помош на Европската Унија, кои имаат за цел да ги надградат административните капацитети во партнерските институции.
Во текот на својата работа, Работната група за Декларацијата ќе ја испита можноста за склучување договор насочен кон решавање на односите за взаемно признавање на услугите за електронска доверба што ги обезбедуваат давателите на услуги за доверба во Република Бугарија и Република Северна Македонија.
- Анализа на прекугранични електронски услуги.
- Соработка помеѓу Националниот тим за одговор на инциденти со компјутерска безбедност на Република Бугарија и оној на Република Северна Македонија.
Владеење на правото
Работата во оваа област помеѓу јавните власти во Република Бугарија и Република Северна Македонија има за цел размена на најдобри практики во врска со подобрувањето на високото правно образование, реформите во судството, антикорупциското законодавство и регулативите за конфискација на незаконски стекнат имот , и регулирање на лобирањето.
Планирано е да се работи заедно за:
- Реални судски реформи
Во моментов, и властите во Република Бугарија и властите во Република Северна Македонија ја идентификуваа итната потреба за сериозна и решителна акција во однос на судските реформи. Еден од важните акценти во оваа реформа е квалитетот на човечкиот капитал во правните институции, што зависи, пред сè, од квалитетот на правното образование.
- Борба против корупција и конфискација на незаконски стекнат имот.
Во светлината на планираните во Република Бугарија реформи на законодавството насочени кон борба против корупцијата и конфискација на незаконски стекнат имот, неопходно е да се бараат попрактични и поприменливи решенија. Во оваа насока, размената на искуства со партнерите од Република Северна Македонија ќе биде исклучително важна. Од своја страна, Република Бугарија ќе го сподели своето искуство во имплементацијата на актуелното законодавство, проблематичните области и идеи за подобрување на рамката.
- Регулирање на активности за лобирање.
Соработка во областа на поштенските услуги
Во контекст на активностите што ги презема Владата на Република Бугарија за продлабочување на соработката со Република Северна Македонија во различни сфери на економијата, Бугарски пошти ЕАД, како оператор со обврска да ја обезбеди универзалната поштенска услуга на територијата на државата, започна разговори со претставници на АД
„Пошта на Северна Македонија“. Како резултат на тоа, беше потпишан „Меморандум за разбирање за поштенска соработка “меѓу двата национални поштенски оператори за време на Вториот состанок на Работната група за европска соработка - Зелена транзиција и дигитална трансформација, владеење на правото.
Двете поштенски управи ќе формираат работни групи за проучување на можностите за соработка во областа на развојот на меѓународните поштенски услуги и е-трговија, како и можностите за реализација на заеднички проекти во рамки на програмите за прекугранична соработка, претпристапните фондови на Европската Унија за Република Северна Македонија, Фондот за квалитет на услугите на Универзалната поштенска унија и други.
Бугарските пошти ЕАД и Поштата на Северна Македонија АД се согласија да обезбедат взаемна поддршка во однос на учеството во меѓународните организации во поштенскиот сектор и да разменат добри практики и знаење за развој на иновативни услуги.
спорт
РГ 4 - Меѓуресорска работна група за туризам, култура, наука и образование, млади и
На заедничката средба на РГ 4 одржана на 22 март 2022 во Софија, беа потпишани
повеќе билатерални договори кои се предуслов за развој и проширување на меѓудржавните односи на различни полиња.
- Програма меѓу Владата на Република Бугарија и Владата на Република Северна Македонија за соработка во областа на образованието и науката за периодот 2022 - 2025 г.;
Програмата ја ажурира правната основа за соработка во областа на образованието и науката, според новите трендови, можности и потреби на двете земји. Постои можност за стипендирање на целосен и делумен рок на студирање на студенти, постдипломци, докторанти. Потпишување на директни договори меѓу високообразовните институции насочени кон стимулирање на студентска мобилност, академска размена, како и истражувачи, реализација на заеднички проекти во специјалности од заемен интерес и други активности, како и соработка во рамки на програмите Еразмус + и Хоризонт Европа. На истражувачите од Република Бугарија и од Република Северна Македонија од сите области на хуманистичките, општествените и природните науки им се дава можност да спроведат заедничко истражување со водечки истражувачки групи во универзитетите и истражувачките организации под водство на нивните домаќини.
- Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Бугарија и Министерството за култура на Република Северна Македонија за периодот 2022-2025 г.;
Програмата вклучува нови предлози и концептуални партнерски проекти за проширување и диверзификација на спектарот на билатерална културна соработка. Во исто време, таа е посеопфатна во однос на областите на активност и содржи поспецифични параметри. Регулирани се можностите за соработка во областа на изведувачките и визуелните уметности, музеите, културното наследство, издаваштвото и дистрибуцијата на книги, библиотечното работење, филмската уметност и нематеријалното културно наследство. Програмата создава и поволна рамка за продлабочување на соработката во областа на културните и креативните индустрии, како и на меѓународно ниво - на ниво на учество во програмите на Советот на Европа, Европската Унија и други. во областа на културата и заштитата на културното наследство. Документот дава можност и за интензивирање на развојот на соработката меѓу Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје и Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија.
- Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за млади и спорт на Република Бугарија и Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија за соработка во областа на младите и спортот;
Целта на двете земји е зајакнување на блиските односи меѓу двете земји преку унапредување на соработката во развојот на младите и спортот на принципот на реципроцитет, меѓусебно разбирање и корист. Република Бугарија и Република Северна Македонија ќе организираат програми за младинска размена и промоција на волонтерски проекти. Ќе се работи и на презентирање заеднички проекти пред меѓународни институции. Во областа на спортот, Меморандумот се однесува на размена на искуства меѓу тренери, експерти, специјалисти и истражувачи. Ќе се поттикнува и соработка меѓу спортските организации од двете земји. Текстот се осврнува и на соработката во борбата против допингот во спортот, како и олеснување на односите меѓу федерациите, клубовите и сите засегнати страни преку организирање на спортски настани. Дополнително, ќе бидат разменети идеи за модернизација на спортската инфраструктура.
- Меморандум за соработка помеѓу Националните агенции за програмата Еразмус + на Република Бугарија и Република Северна Македонија и Европскиот корпус за солидарност; Активностите во Меморандумот ќе се финансираат во рамките на програмата Еразмус
+. Досега, двете земји успешно реализираа голем број младински проекти во кои се вклучени ученици и наставници и од Република Северна Македонија и од Република Бугарија. Настаните наведени во акцискиот план ќе се одржат, по два во секоја од земјите. Направен е распоред за 2022 кога ќе се развијат сите овие активности.
Соработка во областа на туризмот:
Текстот на Меморандумот за соработка во областа на туризмот е подготвен и за кратко време може да биде потпишан.
Покрената е иницијатива за организирање туристички тури за туристи од трети земји и подготовка на заедничка програма за тур-оператори
Се разгледува иницијатива за отворање на авиолинии Охрид-Бургас и Охрид-Варна.
Соработка во областа на одбраната
Двете држави значително го зголемија интензитетот на одбранбената соработка како резултат на приемот на Република Северна Македонија како полноправна членка на НАТО во 2020 година. Во овој контекст, главниот фокус на билатералната одбранбена соработка се заедничките активности во рамките на Алијансата. Министерствата за одбрана и вооружените сили на двете земји имаат традиционално добри односи и конструктивен политичко-воен дијалог како во НАТО, така и на билатерална основа.
Главните приоритети на билатералната воена соработка се поврзани со спроведување на обуки, вежби и заеднички вежби на армиите на двете земји во рамките на НАТО и со земјите партнери. Секоја година, двете министерства за одбрана потпишуваат годишни планови за воена соработка. Потпишаниот билатерален план за 2022 година се фокусира на соработка во управувањето со човечки ресурси, обука на војници од Република Северна Македонија во Република Бугарија, размена на искуства за изградба на резерва во вооружените сили, средби на експертско ниво, размена на искуства со посети заедно линиите на воено-полициските сили и армиите на двете земји, како и размената на војници кои мируваат.
Ветувачки области за продлабочување и развој на одбранбената соработка вклучуваат, но не се ограничени на: обука на воени лекари за потребите на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија; јазична обука и тестирање; учество во регионални одбранбени иницијативи; заштита, одржување и реставрација на бугарските воени споменици и воени спомен-локалитети на територијата на Република Северна Македонија; принципиелна поддршка и подготвеност за спроведување, од страна на Република Бугарија, операција за заштита на воздушниот простор според процедурите и во рамките на интегрираниот систем на
НАТО; учество во проекти на НАТО и ЕУ поврзани со воена мобилност, вклучително и изградба на транспортна инфраструктура долж Коридорот 8; зајакнување на воената соработка во контекст на новите одлуки за прилагодување на Алијансата во однос на одвраќање и градење на одбранбените капацитети со фокус на источното крило на Алијансата; учество на Република Северна Македонија во мултинационалната борбена група на НАТО формирана во Република Бугарија и последно, но не и најмалку важно, борбата против хибридните закани, сајбер безбедноста и управувањето со кризи.
Соработка во областа на здравството
- Поддршка од Република Северна Македонија за проектот „Изградба на центар за рана интервенција кај деца со аутизам во градот Тетово“, финансиран од Официјалната програма за развојна помош на Република Бугарија;
- Поддршка од Република Северна Македонија за проектот „Реконструкција и опремување на Првиот дневен центар за млади и возрасни со аутизам во Република Северна Македонија, со непрофитното здружение „Мојот мал свет“, финансиран од Официјалната програма за развојна помош на Република Бугарија;
- Поддршка од Република Северна Македонија за проектот „Заедничка конференција на педијатри и педијатри пулмолозите од Република Северна Македонија и Република Бугарија на тема: Третман, превенција и превенција на Ковид19 кај децата“. Предвидено е учество на двете министерства за здравство. Проектот е финансиран од Официјалната програма за развојна помош на Република Бугарија;
- Поддршка од Република Северна Македонија за проектот „Обука на психолози за проценка на когнитивниот и бихејвиоралниот статус на децата и адолесцентите“. Проектот е наменет за дополнителна обука на психолози во училиштата во Република Северна Македонија за справување со последиците од Ковид19. Проектот е финансиран од Официјалната програма за развојна помош на Република Бугарија;
- Поддршка од Република Северна Македонија за проектот „Софтвер за поддршка на секојдневното следење на здравјето на пациентите со дијабетес тип 2“. Проектот е наменет за матични лекари и ендокринолози во Република Северна Македонија. Проектот е финансиран од Официјалната програма за развојна помош на Република Бугарија;
- Поддршка од Република Северна Македонија за проектот „Изнајмување клинички аудиометар за потребите на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас“ – Општа болница Скопје. Проектот е наменет за матични лекари и ендокринолози во Република Северна Македонија. Проектот е финансиран од Официјалната програма за развојна помош на Република Бугарија;
- Поддршка од Република Северна Македонија за проектот „Зголемување на капацитетот за мамографски скрининг“. Изнајмување на првиот мобилен дигитален мамограф за потребите на Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Проектот е наменет за матични лекари и ендокринолози во Република Северна Македонија. Проектот е финансиран од Официјалната програма за развојна помош на Република Бугарија.
ВТОРА ТОЧКА ОД ДНЕВНИОТ РЕД:
Владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија ги усвојуваат извештаите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања (наречена понатаму “Комисијата”) за периодот 10 јуни 2019 до 10 јуни 2022 г. со следните забелешки:
- Во текот на наведениот период опфатен со извештаите, Комисијата има остварено
13 состаноци. Кон Протоколот, се приложуваат годишните извештаи за овој
известителен период. Работата на Комисијата се оценува дека е под очекувањата споредено со Протоколот од состанокот на Заедничката меѓувладина комисија од 2019, согласно чл. 12 од Договорот од 2017.
- Двете држави ја охрабруваат Комисијата да ја забрза својата работа и да се постигнат јасни резултати, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот од 2017.
Двете влади ја потврдуваат својата поддршка за работата на Комисијата и се ангажираат да создадат поволни услови за нејзина работа, ја охрабруваат да работи со поголема ефективност и за постигнување на конкретни резултати, врз основа на строго научна дебата и со цел претставување на факти и настани од заедничката историја која ги поврзува двете држави и нивните народи, во образовните системи на двете држави.
Во својата работа Комисијата треба да се придржува кон одредбите на чл. 8, т. 2 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, односно “... да придонесе за објективно и научно толкување на историските настани, засновано на автентични историски извори кои се базирани на докази“. Согласно одредбите од договорот од 2017 год., работата на Комисијата не може да биде еднострано прекината.
Двете држави, преку надлежните министерства и единиците на локалната самоуправа, во рок од две години, да ги вклучат сите веќе меѓусебно договорени резултати од работата на Комисијата, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот, во учебните програми, учебници и релевантните учебни материјали, а истите резултати да ги земат предвид и да се рефлектираат врз содржините на натписи на споменици, знаци, информациски материјали во музеи и други објекти со образовно и културно значење, како и релевантните информации во електронски информативни медиуми во јавна сопственост.
Двете држави ќе ги усогласат, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот, методолошките упатства, учебниците и други релевантни учебни материјали, соодветно со препораките на Комисијата, во период не подолг од две години по нивното одобрување од Заедничката комисија по чл. 12.
При изучувањето, оригиналите на соодветните историски извори и литературни текстови, да бидат достапни, да се користат и презентираат од соодветните образовни институции.
Сите идни резултати од работата на Комисијата ќе се објавуваат заеднички од двете држави во рок од шест месеци по усвојувањето на договорените текстови од Заедничката меѓувладина комисија по член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Ако тоа не е направено во посочениот период, секоја држава ќе има право да ги објави самостојно.
ПО ТРЕТА ТОЧКА ОД ДНЕВНИОТ РЕД
Во согласност со Договорот од 2017 и заедничкиот интерес за зацврстување на добрососедските и партнерски односи, двете држави се ангажираат да работат за исполнување на следните мерки:
Република Бугарија изјавува подготвеност да се согласи да се одржи првата политичка меѓувладина конференција на ЕУ и Република Северна Македонија, со разбирање дека следната Меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство ќе се одржи веднаш откако Република Северна Македонија во својот Устав ќе ги вклучи оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ.
- Мерки кои треба да бидат преземени пред Меѓувладината конференција за комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори
Владата на Република Северна Македонија се согласува следната Меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство на Република Северна Македонија да се одржи откако во сила ќе влезe измената на Уставот на Република Северна Македонија за вклучување на оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, согласно внатрешните процедури, вклучително и уставен закон за нивно спроведување.
Владата на Република Бугарија изразува подготвеност веднаш по усвојувањето на заклучоците на Советот на Европската унија согласно конечниот предлог на Француското претседателство да ги повлече своите резерви за склучување на предлог Договорот меѓу Европската унија и Република Северна Македонија за статусот на Фронтекс-Frontex.
Владата на Република Северна Македонија во согласност со чл. 11 ал. 5 од Договорот од 2017, потврдува дека ништо во нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статутот и правата на лица, кои не се граѓани на Република Северна Македонија.
Двете држави да разменат, согласно член 12 од Програмата меѓу владата на Република Северна Македонија и владата на Република Бугарија за соработка во областа на образованието и науката, копии од сите образовни програми, учебници, учебни помагала и други релевантни учебни материјали во образовните програми на двете држави.
Говор на омраза
Државите ја потврдуваат обврската за преземање на мерки против секој вид на говор на омраза и ги определуваат министерствата за надворешни работи за контакт и за информирање на надлежните институции за заедничко идентификување на такви случаи, во написи на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни програми, како и во јавниот простор.
Државите ќе создадат, без одложување, соодветна процедура и конкретни чекори за преземање на брзи и ефективни мерки при идентификување на такви случаи.
Двете држави ќе преземат ефикасни мерки за превенирање на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат активности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични активности, кои би наштетиле на нивните односи.
Рехабилитација на жртвите на репресии во комунистичкиот период
Владата на Република Северна Македонија, во согласност со "Декларацијата за извинување на жртвите од репресиите од режимот во периодот 1945-1990 година" усвоена во 2006 год. од Собранието на тогашната Република Македонија и во духот на Резолуцијата на Европскиот парламент за Европската совест и тоталитаризмот од 2009 год., да ја реафирмира осудата и извинувањето за неправдите и репресиите извршувани во минатото, директно или индиректно, од страна на југословенските комунистички власти против граѓани врз основа на нивното етно-политичко самоопределување, вклучително и Бугарите.
Владата на Република Северна Македонија изјавува дека ќе ја создаде неопходната сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на поранешните служби за државната безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилното и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 година. Оваа сеопфатна правна рамка ќе создаде јасни можности за слободен, неограничен и навремен пристап, проучување, право на употреба, објавување и институционално проучување и заштита на соодветните документи.
Бугарија изјавува дека веќе овозможила и ќе продолжи да овозможува пристап кон архивите на репресивниот апарат на поранешните служби на државната безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилното и воено разузнавање и контраразузнавање, со што создаде јасни можности за слободен, неограничен и благовремен
достап, за проучување и право за употреба, објавување и институционално проучување и заштита на соодветните документи.
Темата за историјата
По потпишувањето на овој Протокол, државите ќе ги објават на интернет страните на двете влади сите веќе усвоени препораки од досегашната работа на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, во рок од еден месец.
Согласно чл. 8 ал. 3 од Договорот, двете држави прифаќаат во 2022 и 2023 да ги чествуваат сите заеднички историски настани и личности кои се веќе договорени од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Доколку има политичка волја од двете држави, ќе се прославуваат и други заеднички историски настани и личности.
Владата на Република Северна Македонија ќе подготви и достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма на Република Северна Македонија на тема Самоилова држава, во согласност со препораката на Комисијата, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот.
Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања ќе разработи и реализира план за работа, кој предвидува одржување на 8 до 10 состаноци на годишно ниво.
- Мерки кои треба да бидат превземени по одржувањето на Меѓувладината конференција за комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори
Владата на Република Северна Македонија до почетокот на учебната година 2023-2024 да ја промени содржината на учебникот по географија за 7 одделение, заради неосновани етнички/територијални претензии.
Двете држави се согласија, при утврдување на други случаи на неосновани етнички/територијални претензии во учебници и учебни помагала, тие да бидат извадени од образовните програми и нивната содржина да биде променета.
Двете страни се обврзуваат последователно меѓусебно да се информираат за сите промени во содржината на сите учебници, учебни помагала и методолошки поими во своите образовни програми и да достават копии од новите изданија.
Говор на омраза
Двете држави преку дипломатските канали меѓу министерствата за надворешни работи да продолжат да разменуваат информации во врска со говор на омраза, идентификувани натписи и знаци на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни материјали, како и во јавниот простор на територијата на другата држава, и да информираат во разумен рок за преземените активности од соодветната држава за неодложно отстранување на идентификуваните случаи на говор на омраза.
Двете држави да гарантираат дека државното финансирање на нови книги, документарни изданија и списанија, филмови и друга уметничка продукција, како и на споменици на културата и прослави, ќе се реализира во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и во овој контекст, секој субјект финансиран од државата ќе потврди преку јасна и обврзувачка изјава дека ќе го следи со неопходното внимание прашањето за неприфаќање на сите форми на говор на омраза и непочитувањето на оваа должност ќе претставува основа за прекин на понатамошното државно финансирање на ваквиот субјект.
Двете држави ќе преземат ефикасни мерки за превенција на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе одвраќаат активности на приватни субјекти,
насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични активности кои би ги повредиле нивните односи.
Рехабилитација на жртвите на репресии во комунистичкиот период
Владата на Република Северна Македонија, во рок од една година, да ја создаде неопходната сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на бившите служби на државна безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилно и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 г. Оваа сеопфатна правна рамка ќе создава јасни можности за слободен, неограничен и навремен пристап, проучување, право на употреба, објавување и институционално складирање и заштита на соодветните документи.
Владата на Република Бугарија ќе ги сподели своите искуства во оваа област, вклучително во однос на создавањето на специјализиран централизиран архив, врз основа на преземеното законодавство од оваа област од страна на државата во текот на 2006 г. Бугарија ќе продолжи да обезбедува пристап во архивите на репресивниот апарат на бившите служби на државната безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилно и воено разузнавање и контраразузнавање, со што ќе продолжи да создава јасни можности за слободен, неограничен и навремен пристап, проучување, право на употреба, публикување и институционално складирање и заштита на соодветните документи.
Темата за историјата
Двете држави да се придржуваат кон одобрените текстови од Заедничката меѓувладина комисија по чл. 12, како основа за организирање на заедничко или индивидуално чествување, како и да се придржуваат кон нив во јавните говори и изјави за заеднички личности и настани за кои се организираат ваквите чествувања.
Двете држави, преку надлежните институции, да подготват и претстават предлог текстови за лекции врз основа на препораките на Комисијата во однос на настани и историски личности од заедничката историја, за кои Комисијата постигнала согласност – кои ќе бидат приложени кон Протоколот за следниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија по член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и во иднина да ги вклучат во соодветните учебни програми, учебници и други релевантни учебни материјали, а истите да ги земат предвид и да се рефлектираат врз содржините на натписи на табли, историски споменици, споменици и информациски материјали во музеи и други објекти од образовно и културно значење, како и во информативни медиуми во јавна сопственост.
Двете држави ја охрабруваат Комисијата да го заврши прегледот на периодот на Средниот век во рок од една година од потпишувањето на овој Протокол.
На следниот состанок на Заедничката комисија по чл. 12 од Договорот, двете држави да ги одобрат препораките на Комисијата за целиот период кој го опфаќа Средниот век.
Во согласност со заклучокот 3 од Точката 3 на Протоколот од првата Заедничка меѓувладина конференција од 2019, владите на двете држави да ја охрабрат Комисијата во рок од една година да подготви и да им предложи на двете влади препораки за заедничкото одбележување и чествување на заеднички личности и настани.
Двете држави, не покасно од учебната 2024-2025 г., да ги усогласат, каде што е неопходно, сите учебници по историја во учебната програма, така што тие ќе ги одразуваат, до тој момент, постигнатите резултати од работата на Комисијата, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот.
Двете држави да продолжат да ја поддржуваат и охрабруваат работата на Комисијата, за да ги извршуваат започнатите ангажмани за да ги хармонизираат релевантните учебници и учебни програми, во согласност со резултатите од работата на Комисијата, одобрени од двете влади.
Двете држави ја поддржуваат и охрабруваат Комисијата да ја заврши работата за сите периоди од заедничката историја, кои ги поврзува двете држави и нивните народи, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот, со цел целосно имплементирање на тие нејзини препораки во образовните програми до членството на Северна Македонија во ЕУ.
Република Северна Македонија ќе преземе мерки со кои ќе осигура ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на бугарската заедница во Република Северна Македонија:
- Постигнување на одржливи резултати за превенција и реакција против појавите на јазик на омраза против Бугарите во Република Северна Македонија во јавниот простор во Република Северна Македонија.
- Постигнување на одржливи резултати во превенцијата, истрагата и гонењето кај кривични дела од омраза, појава на јазик на омраза и дискриминација против Бугарите во Република Северна Македонија.
- Преземање на ефективни мерки за подигнување на свеста, односно институционалните механизми за правата на човекот и подигнување на довербата на Бугарите во Република Северна Македонија кон тие механизми и националните институции.
- Постигнување на одржливи резултати за гарантирање на слободното остварување на правата на Бугарите во Република Северна Македонија за слободно изразување, заштита и развој на идентитетот и специфичните карактеристики на нивната заедница, како и за слободно употребување на симболите на нивната заедница.
Со потпишувањето на овој Протокол, Бугарија потврдува дека ќе даде согласност за усвојување на конечниот предлог на Француското Претседателство со Советот на ЕУ од 30 јуни 2022 за усвојување на Преговарачката рамка и одржување на меѓувладините конференции за почеток и комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.
Потпишан во Софија на 17 јули 2022 година, во два оригинални примероци, секој од нив на официјалните јазици на државите – бугарски јазик, согласно Уставот на Република Бугарија и македонски јазик, согласно Уставот на Република Северна Македонија, така што двата текста имаат еднаква сила.
Г-дин. Бујар Османи Г-ѓа Теодора Генчовска
КОПРЕТСЕДАВАЧ КОПРЕТСЕДАВАЧ
ОД СТРАНА НА ОД СТРАНА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА
ВО МЕЃУВЛАДИНАТА КОМИСИЈА ВО МЕЃУВЛАДИНАТА КОМИСИЈА
Facebook Forum