Линкови за пристапност

Советот на ЕУ даде зелено светло: Скопје и Тирана може да ги почнат преговорите за членство


Советот на ЕУ штотуку се согласи за почеток на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, објави чешкиот премиер Петр Фиала
Советот на ЕУ штотуку се согласи за почеток на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, објави чешкиот премиер Петр Фиала

Чешкиот премиер, Петр Фиала ја објави одлуката на Европскиот совет и воедно испрати благодарност и до францускиот претседател Емануел Макрон, за кого вели дека одиграл клучна улога во постигнатиот успех

Советот на ЕУ вечерва ги одобри преговарачките рамки, со што е отворен патот за почеток на пристапните чекори за Албанија и Северна Македонија. Чешкиот премиер, чија земја од почетокот на овој месец претседава со ЕУ, Петр Фиала, преку објава на неговиот профил на „Твитер“ ја соопшти одобрувачката одлука од Европскиот совет.

„Советот на ЕУ штотуку се согласи за почеток на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Презедовме нов значаен чекор кон доближувањето на Западниот Балкан до ЕУ. Тоа е голем успех за нашето претседателство“, објави премиерот на Чешка и додаде дека на утрешната средба со македонскиот и со албанскиот премиер ќе се разговара за следните чекори на патот кон ЕУ.

Чешкиот премиер воедно испрати благодарност и до францускиот претседател Емануел Макрон, за кого вели дека одиграл клучна улога во постигнатиот успех.

Утре (вторник, 19 јули) македонската делегација, на чело со премиерот Димитар Ковачевски ќе ја има првата меѓувладина средба со земјите членки на ЕУ. Истиот ден, како што најави министерот Бујар Османи, почнува и т.н. скрининг на ЕУ врз македонските институции со што, според објаснувањето на Османи, и официјално стартува процесот на преговори за членство во ЕУ.

Сепак, за разлика од Албанија, македонскиот пат кон Унијата, односно отворањето на поглавјата ќе може да почне дури после втора меѓувладина конференција. Условот за таа да се одржи е уставна промена, односно додавање на бугарскиот народ во македонскиот Устав.

Почетокот на преговорите доаѓа откако во текот на викендот во Софија беше потпишан билатералниот протокол со Бугарија, а во кој се наведени низ обврски што нашата земја треба да ги исполни како дел од договорот за добрососедство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG