Линкови за пристапност

Османи: Ги добивме јазикот, историските прашања, почеток на преговори, Бугарија доби отворање на нашиот Устав


Османи истакна дека тоа што го добила македонската страна е зачувување на јазикот како македонски, без додавки, потоа историските прашања да не бидат одредница за отворање и затворање поглавја и преговорите да почнат сега (вторник на 19 јули)
Османи истакна дека тоа што го добила македонската страна е зачувување на јазикот како македонски, без додавки, потоа историските прашања да не бидат одредница за отворање и затворање поглавја и преговорите да почнат сега (вторник на 19 јули)

Министерот Османи најави дека во вторник, на 19 јули, со одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ, всушност почнуваат и преговорите за членство во Унијата со скрининг врз нашите институции

Ова е компромисно решение, ние ги добивме трите најважни прашања за нас, додека Република Бугарија доби Втора меѓувладина конференција условена со уставни измени, рече министерот Бујар Османи на денешната јавна презентација на потпишаниот протокол со Бугарија.

Османи истакна дека тоа што го добила македонската страна е зачувување на јазикот како македонски, без додавки, потоа историските прашања да не бидат одредница за отворање и затворање поглавја и преговорите да почнат сега (вторник на 19 јули). Сепак, тоа што треба земјава да го направи, како услов од Бугарија, е да го отвори Уставот и во него да го вметне и бугарскиот народ како дел од народите што ја сочинуваат етничката слика на Северна Македонија.

Во вторник почнува скрининг од ЕУ за македонските институции

Османи најави дека во вторник, на 19 јули, се одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ, всушност почнуваат и преговорите за членство во Унијата со скрининг врз нашите институции.

„Во вторник не само што почнуваат преговорите, не само што ќе има класична прва меѓувладина конференција, ќе има изјава за отворање. Истиот ден попладне почнува скринингот. Од тој момент почнуваат да се бројат деновите до членство. Од тој момент експертите од ЕУ почнуваат да влегуваат во нашите институции. Да го направат скринингот“, истакна шефот на македонската дипломатија.

Македонскиот јазик го немаше во ЕУ, ниту можевме да потпишеме документ со ЕУ на македонски јазик. Сега, не само што е влезен во рамката за преговори, туку и првпат во историјата ќе го имаме првиот договор за „Фронтекс“, на македонски јазик
Бујар Османи

Османи на денешната презентација зборуваше за повеќе аспекти од протоколот, кој се смета за записник од утринската меѓувладина средба што се одржа во Софија, а како дел од договорот за добрососедски односи.

Македонскиот јазик без фусноти и дообјаснувања

Како што истакна Османи, за македонскиот јазик ќе нема никакви дообјаснувања и додаде дека првпат со историјата јазикот како македонски ќе влезе во официјалната комуникација со ЕУ. Бугарија, пак, од нејзина страна има право да достави унилатерална изјава со која ќе го изрази своето гледиште кон македонскиот јазик.

„Македонскиот јазик го немаше во ЕУ, ниту можевме да потпишеме документ со ЕУ на македонски јазик. Сега, не само што е влезен во рамката за преговори, туку и првпат во историјата ќе го имаме првиот договор за „Фронтекс“, на македонски јазик со дозвола од сите 27 земји членки. Со Macedonian language“, категоричен е Османи.

За историските прашања, за измени во учебниците, за заеднички одбележувања на личности и настани, главната улога ќе ја има Историската комисија, посочи Османи. Комисијата ќе има право да носи одлуки што ќе треба да се применуваат или во двете држави, или само кај едната од страните.

Османи го презентира потпишаниот протокол со Бугарија
please wait

No media source currently available

0:00 1:07:07 0:00

Комисијата за историски прашања има главна улога

„Нема бегање од обврските доколку комисијата донесе одлука. Но, не кажуваме што, како, кога. Ние не се мешаме во нивната работа и автономија.. Ако владата не имплементира или не постапува според препораките од Комисијата, тогаш, тоа е прекршување на протоколот“, рече Османи.

Според неговото објаснување, одлуките од Комисијата треба да се имплементираат во рок од две години од нивното донесување, без оглед дали се однесуваат за измени на учебници, натписи, патокази или историски настани.

Во однос на спречување на говорот на омраза кон која било од двете страни, пак, Османи рече дека ќе се формираат т.н. Контактни точки што ќе ги следат евентуалните негативни трендови и ќе ги информираат соодветните институции.

Доколку Бугарија упати жалби за евентуална искажана омраза од македонска страна, тогаш таквите случаи ќе се толкуваат исклучително според македонските закони за спречување на говорот на омраза. За најавите на опозицијата дека нема да гласа за уставни измени, кои се услов за втората меѓувладина конференција со ЕУ, Османи е убеден дека ќе се најде решение.

Османи оптимист за гласањето за уставни измени

„Ќе најдеме решение, со огромно мнозинство во парламентот да дозволиме, како што се другите етнички заедници, да ги вклучиме и сите други етнички заедници коишто бараат да влезат во преамбулата“, рече министерот додавајќи дека ќе се внесат бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ.

За во случај Комисијата за историски прашања да не дава резултат од работата, Османи смета дека тоа не може да биде основа за Бугарија да го кочи процесот за преговори со Европската Унија.

Министерството за надворешни работи вечерва ја објави и целата содржина на протоколот од денешната втора средба на меѓувладината македонско-бугарска комисија.

XS
SM
MD
LG