Линкови за пристапност

Сега е време да се работи на следните чекори, рече Блинкен откако Собранието ги изгласа новите заклучоци за францускиот предлог


Ги препознаваме тешките компромиси разгледани во овој компромис, кој го признава и почитува културниот идентитет на Северна Македонија и македонскиот јазик, се вели во изјавата 
Ги препознаваме тешките компромиси разгледани во овој компромис, кој го признава и почитува културниот идентитет на Северна Македонија и македонскиот јазик, се вели во изјавата 

САД ја поздравуваат одлуката на Парламентот на Северна Македонија да ги преземе следните чекори на пристапниот пат во ЕУ, соопшти Стејт департментот.

„Ги препознаваме тешките компромиси разгледани во овој компромис, кој го признава и почитува културниот идентитет на Северна Македонија и македонскиот јазик. Оваа одлука доаѓа во критичен момент за Северна Македонија, Западен Балкан и Европа. Европската унија која го вклучува целиот Западен Балкан, вклучително и Албанија и Северна Македонија, ќе биде посилна и попросперитетна. Сега е време да се изгради моментум и да се работи на следните чекори”, се вели во изјавата од државниот секретар Ентони Блинкен.

Собранието денес ги изгласа заклучоците за францускиот предлог предложени од СДСМ.

XS
SM
MD
LG