Линкови за пристапност

Оштетени енергетски капацитети на Украина


Жена зборува на мобилен телефон на местото на напад со руски дрон, на периферија во Лавов, Украина, 19 јуни 2024 година.
Жена зборува на мобилен телефон на местото на напад со руски дрон, на периферија во Лавов, Украина, 19 јуни 2024 година.

Руски магацин за нафта гори повеќе од 24 часа по напад со дрон

Напад со дрон во текот на ноќта во централна и западна Украина ги оштети енергетските капацитети во државата, додека пожарникарите во рускиот град Азов втор ден по ред се борат со огнените јазици во складиште за нафта.

Украинското Министерство за енергетика соопшти дека опремата е оштетена, а во помош биле повикани и полициските служби. Нападот следи откако Украина најави прекини на струја низ државата.

Градоначалникот на Лавов, град во западна Украина, во близина на границата со Полска, изјави дека во напад со беспилотно летало во селото Малехив биле повредени две лица, оштетена станбена зграда и скршени десетици прозорци во околните згради.

Градоначалникот Андриј Садовиј, на апликацијата за „Телеграм“ напиша дека дека се повредени 70-годишник и 47-годишник.

Во меѓувреме, пожарот во руски складиште за нафта во регионот Ростов продолжи да гори повеќе од 24 часа по напад со дрон.

Украински официјален претставник изјави дека нападот бил специјална операција на Службата за безбедност на Украина. Украина во минатото ја таргетираше енергетската инфраструктура како начин да им наштети на руските воени напори.

Погодени се две складишта со 22 резервоари за нафта, рече официјалниот претставник. Азов е јужниот дел на Русија, на реката Дон на околу 16 километри од Азовското Море.

Во Украина, претходните руски напади врз електрани доведоа до прекини на струја низ целата држава.

„Сите регионални компании за дистрибуција на електрична енергија ќе применуваат распоред за прекин на час за индустриските и домашните потрошувачи од 00:00 до 24:00 часот“, објави националниот снабдувач на електрична енергија Укренерго. Претходно, официјалните лица се обидоа да ги ограничат прекините на попладневните часови.

Укренерго рече дека критичната инфраструктура нема да биде засегната.

Обвинување за обезглавување

Вчера украинските обвинители ги обвинија руските војници за обезглавување на припадник на украинската војска во регионот Доњецк.

„Додека вршеше воздушно извидување на една од борбените позиции во регионот Доњецк, украинската војска откри оштетено оклопно возило на украинските одбранбени сили. Во него се наоѓаше отсечената глава на украински бранител“, објави канцеларијата на главниот обвинител на Украина, Андриј Костин на социјалните мрежи.

Канцеларијата на Костин содржи фотографија на која, наводно, е прикажано оклопното воено возило со заматен дел каде се наоѓала отсечената глава.

Обвинителите во Доњецк известија дека Украинец е осуден на 15 години затвор за давање информации на руските сили за украинските војници.

Според обвинителите, лицето, жител на Костјантинивка, близу борбениот форнт, ја користел услугата за пораки „Телеграм“ за да ја информира Русија за движењата на украинските војници и артилерија.

Минатата година, Обединетите нации соопштија дека Украина покренала повеќе од 6 600 кривични случаи против луѓе за помагање на Русија од почетокот на војната.

Во овој извештај се користени материјали од Асошиетед прес, Ројтерс и агенцијата Франс – прес.

XS
SM
MD
LG