Линкови за пристапност

Љубовната афера на Американците со автомобилите ослабува?


Еден долар за литар бензин чини многу за младите кои се обидуваат да го исплатат заемот за студирање.
Еден долар за литар бензин чини многу за младите кои се обидуваат да го исплатат заемот за студирање.

Само во Америка: Автомобилската култура отстапува место на компјутерската

Многу книги се напишани за американската автомобилска култура, или за „љубовната афера на Американците со автомобилите“. Но, САД не се повеќе најголем пазар за автомобили во светот. Број еден сега е Кина.

Магазинот Тајм пишува дека во 2010-та, кинески и индиски потрошувачи заедно купиле нешто под 20 милиони нови возила. Тоа е 70 проценти повеќе автомобили од купените од Американци за цела година.
Не се работи само за цветање на екомиите во подем со што ова може да се објасни. Вашингтон Пост истакна дека младата популација Американци, а тоа се возачи кои некогаш одвај чекаа да седнат зад воланот и секогаш беа подготвени за патување, не го гледаат веќе автомобилот како дел од американскиот сон. Или барем не толку страсно како порано.

Според весникот, тие „ги заменуваат клучевите со тастатурата“ и повеќе се внесени во текстуалните пораки и апликации отколку за коњските сили и јачината на моторите. Пост пишува, “младите се позаинтересирани за „пребарување на интернет, отколку за разгледување под хаубата на колата“.

Што се случи? Една од причините е што американската патишта се преплавени со автомобили. Еден долар за литар бензин чини многу за младите кои се обидуваат да го исплатат заемот за студирање.

Кампањите против загадувањето на животната средина од автомобилите имаат свој удел.

Трета работа е што многу млади се вратија кај своите родители, кои имаат слободен автомобил при рака. А тука не се бира, и тој автомобил не може да се има постојано.

И конечно, тренд е на изнајмување автомобил, од неколку часа па до една недела. Со таквиот чекор не мора размислувате за осигурувањето или другите трошоци кои ги носи поседувањето возило.

Автодилерите се` уште наоѓаат купувачи на своите „моќни автомобили со многу коњски сили“. Но, тие купувачи се` повеќе се во поодминати години, кои сакаат да се навратат „на старите добри денови“.
XS
SM
MD
LG