Линкови за пристапност

Само во Америка: Прекари за сојузните држави


Секоја сојузна држава во САД има прекар – некои и повеќе oд еден. Многу од нив се логични. Се разбира дека Аризона е „Држава на Големиот кањон“. Се разбира дека Кентаки, место каде се одгледуваат прекрасни коњи, е „Блуграс држава“...

Други прекари доаѓаат до промотивни кампањи. Ново Мексико е „Земја на волшебништво“, што зборрува за спектакуларни залези на сонце и природни убавини.

Но, други се – чудни. Дури и за Американците.

Зошто, на пример, Јута е „Држава на пчеларници“? Има ли таму повеќе од овие инсекти од на друго место? Не. Но таму има повеќе луѓе од мормонска вера, а симболот на мормонската црква е пчеларник – за работливост. Овој симбол го има и над многу влезови и на државниот грб на Јута.

Еве уште еден интересен пример: Конектикат е „државата на индиско оревче“, но тоа не значи дека има повеќе од тој зачин донесен од морнарите од Азија. Јенките на Конектикат, како што се нарекуваат луѓето во североисточната држава, имаат репутација дека се остроумни за бизнис. Толку остроумни што можеле да им продаваат дрвени индиски оревчиња на странци.

Државата од средниот запад, Индијана се вика „Хузеар драва“. Никој не знае зошто. Една од приказните е дека првите доселеници биле малку нервозни кога отварале врата и секогаш прашувале – кој е таму? Или на англиски, и на дијалект – Хузеар? Не е чудно што државната легислатура преферира да ја вика Индијана „Крстопат на Америка“.

И уште некои други: Северна Дакота е „Фликертаил држава“. Што е фликертеил? Мислите некоја убава прериска птица? Не. Тоа е вид верверичка што – го тресе опашот.

За раните жители на Мисури се вели дека се тврдоглави, и скептични, така што Мисури станала „Покажи ми држава“.

Нема ни да се обидеме да ги објасниме прекарите како „Бакај држава“, „Сунер држава“, Кистоун држава“ и „Блу хен држава“ – од каде сина кокошка во државата, никој не излезе да објасни....

XS
SM
MD
LG