Линкови за пристапност

Само во Америка: Пурите повторно во тренд


Мало гратче во Флорида стана магнет за љубителите на добра пура и домашно пиво.

Пушењето во САД генерално се намалува, главно заради масивното регулирање и кампањите против пушењето, но меѓу младите е друга приказна. Кај нив се забележува зголемена употреба на – пури. На сите социо-економски нивоа, пуфкањето на добра пура, па дури и на лоша, многумина го сметаат како знак на вкус и софистицираност.

Ова е одлична вест за дел од Тампа, сојузната држава Флорида. Се работи за градчето Ибор, стара населба што стана и туристичка дестинација.

Што мислите дека овде се произведува последниве 125 години? Ароматизирани, рачно виткани пури.

Модерното производство на пурите започнало во Куба, но кон крајот на 19-от век политичката ситуација пред шпанско-американската војна станала мошне затегната. Тоа е главната причина што голем број производители на пури ги преселиле своите продавници на Ки Вест, мал остров на најужниот дел на Флорида.

Но на западното крајбрежје на Флорида, градоначалникот на Тампа барал начини да заживее дотогаш мало, мизерно рибарско село. Дојдете во Тампа, им порачал на производителите на пури, а ние практично ќе ви дадеме илјадници хектари земјиште.

Стотици лица предводени од Шпанецот Дон Висенте Мартинез Ибор ја прифатиле неговата понуда, а кусо време потоа предградието на Тампа го презело неговото име.

На ова место подоцна биле отворени преку 250 фабрики, а Тампа станал „Град на пурите“ за цел свет. Кога цигарите добија на популарност кон средината на 20-от век, многумина од производителите на пури во градот ги затвориле своите бизниси. Големите компании ги купиле помалите и се преселиле во Централна Америка.

Сепак во последно време и пурите и градот Ибор се повторно во тренд. Отворени се десетина нови фабрики, а местото стана привлечна дестинација и за ноќни клубови и рсторани. За викендите, улиците изгледаат како карневал без маски. Ибор е затрупан од мали, трендовски, пабови каде се служи добро пиво и „одлична“ пура.

XS
SM
MD
LG