Линкови за пристапност

Само во Америка: Скандалозно однесување со народни пари


Владина агенција среде скандал: до каде може да доведе токсична деловна култура.

Американската администрација за општи служби – среде скандал. Обвинета е за неконтролирано трошење на конференции и патувања на егзотични локации. Ова е типичен пример за тоа каде може да води една токсична деловна култура, смета Дејвид Геблер, автор, адвокат и консултант.

Администрацијата за општи служби е независна владина агенција со годишен буџет од 26 милијарди долари. Таа е сопственик, издавач и одржувач на федерални згради, вклучувајќи седишта на владини Оддели, судници, пошти ширум САД. Во јавноста се дигна голема прашина по веста дека агенцијата потрошила преку 800.000 долари за регионална конференција за само 300 вработени во Лас Вегас во 2010-та година.

Според истрагата, виш претставник на агенцијата користел пари на даночни обврзници за да плати за патувања во сојузната држава Невада и тоа за него и за неговата сопруга која не била вработена во владата. На таа конференција регистрирано е дека агенцијата трошела неконтролирано за приеми и вечери, забави во приватни простории, како и за услуги од типот на кловнови, читачи на мисли, комеморативни метални пари и маици за секој од учесниците.

Членовите на Конгресот минатиот месец свикаа распит на кој воедно беше поставено прашањето каде биле луѓето кои го откриле скандалот пред повеќе од една година, кога тоа се случило.

Излезе дека токму генералниот инспектор на агенцијата, Брајан Милер бил тој кој ја информирал јавноста за настанот, откако самиот спровел истрага.

По случајот, Марта Џонсон, главната администраторка во агенцијата јавно се извини на американскиот народ и поднесе оставка на функцијата, а двајца нејзини помошници, одговорни за организирање на настанот во Лас Вегас, биле отпуштени од работа.

XS
SM
MD
LG