Линкови за пристапност

Обама планира нови трансфери од Гвантанамо


Трамп повика на запирање на овие активности

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама планира во странство да префрли поголем број осомничени терористи од Гвантанамо, пред да ја напушти функцијата на 20 јануари, отфрлајќи ги повиците на новоизбраниот претседател Трамп да се стави крај на овие трансфери.

Објектот, кој беше отворен за време на поранешниот претседател Џорџ Буш по терористичките нападите во 2001-та година се користи за притвор на лица фатени од страна на САД во борбата против ал-Каида и другите терористички групи на Блискиот исток и Авганистан.

Притворниот центар подолго време е критикуван од групите за заштита на човековите права затоа што притворениците се држат таму со години пред да бидат изнесени на суд, а некои биле изложени на тортура.

Обама се залагаше за затворање на објектот кога тој ја презеде функцијата во јануари, 2009-та, но овие напори беа блокирани од Конгресот.

Во моментов таму се наоѓаат само 59-мина од вкупно 800 колку што имаше во еден период.

Администрацијата некои од затворениците ги врати во нивните земји за судски постапки, некои беа испратени во трети земји, а некои ослободени пред да бидат изнесени на суд.

За време на кампањата Трамп се заложи Гвантанамо да се држи отворен.

XS
SM
MD
LG