Линкови за пристапност

Гвантанамо полека се празни


Преместени се уште петтмина притвореници од центарот, оставајќи 122 притвореници во него.

САД префрлија пет лица од притворниот центар Гвантанамо, во Куба, во време кога администрацијата на претседателот Обама се придвижува кон зацртаната цел за затворање на овој контроверзен затвор.

Пентагон трансферот го најави во средата навечер. Преместените се од Јемен, и минале неколку години во Гвантанамо. Четворица од нив, ќе бидат прифатени од Оман, а петтиот ќе биде префрлен во балтичката нација Естонија.

Во притворниот центар Гвантанамо беа сместувани осомничени терористи фатени во странство по терористичките напади во 2001-ва. Но, групите за човекови права ги критикуваа САД дека ги држат без конкретна временска рамка за нивно ослободување, без да бидат покренати обвиненија против нив.

Со префрлањето на петмината, во Гвантанамо остануваат 122 притвореници.

XS
SM
MD
LG