Линкови за пристапност

Последна прес-конференција на претседателот Обама за 2015-та


Во однос на Сирија, идејата дека САД ќе „стојат настрана и нема да реагираат“ би била спротивна на американските вредности, рече тој.

Претседателот Барак Обама се осврна на тешкотиите да се забележат намерите за терористички напади како оној во Сан Бернандино, Калифорнија. Тој истакна дека Владата работи на зајакнување на споделување на информациите меѓу агенциите и со другите земји.

Во однос на потенцијалната употреба на извршните овластувања за затворање на притворениот центар Гвантанамо во Куба, Конгресот на повеќе наврати ги блокираше обидите на претседателот Обама за трансфер на затворениците во САД. Американскиот лидер истакна дека ќе претстави план за прекин на работата на објектот и притоа, како што кажа, нема автоматски да претпоставува дека Конгресот ќе одговори негативно.

За улогата на САД на Блискиот Исток, кога станува збор за промени во режимот, претседателот кажа дека не биле САД, туку египетскиот народ е тој којшто издејствувал пад на режимот на Хосни Мубарак, за Либија, Обама коментираше дека потфрлила цела меѓународна заедница, а во однос на Сирија, идејата дека САД ќе „стојат настрана и нема да реагираат“, би била спротивна на американските вредности. Башар Ал Асад ќе мора да си замине од власт, за Сирија да може да постигне мир, истакна претседателот Обама.

XS
SM
MD
LG