Линкови за пристапност

Шестмина притвореници од Гвантанамо ќе бидат испратени во Уругвај


Ова ќе биде прв трансфер по случајот со армискиот наредник Бо Бергдал, што разлути многу законодавци.

Админисатрацијата на Обама го информираше американскиот Конгрес дека ќе премести шестмина притвореници од Заливот Гвантанамо, во Куба, во јужната американска држава Уругвај.

Американските медиуми велат дека Секретарот за одбрана на САД Чак Хегел испратил писмо до конгресните лидери минатата недела започнавајќи ги со планот.

Претстојниот трансфер ќе биде прв откако поранешни талибански команданти биле испратени во Катар во мај во замена за ослободувањето на армискиот наредник Бо Бергдал, кој бил киднапиран во Авганистан пред пет години. Размената разлути многу конгресни законодавци бидејќи администрацијата на Обама не ги информирала за трансферот во рамки на предвидениот рок од 30 дена пред тоа да се случи.

XS
SM
MD
LG