Линкови за пристапност

Обама: Гвантанамо ја поткопува националната безбедност


Претседателот по ова прашање зборуваше во Белата куќа, откако Пентагон достави план до Конгресот

Американскиот претседател Барак Обама го изложи планот на неговата администрација за затворање на воениот притворен центар во заливот Гвантанамо, Куба, истакнувајќи дека објектот „не ја потпомага национална безбедност, туку ја поткопува“.

„Ако како нација не го решиме ова сега, кога ќе го решиме?“ запраша Обама откако Одделот за одбрана на САД го достави планот до Конгресот. Тој апелираше до Конгресот да биде на „вистинската страна на историјата“ и нацијата да реагира според „лекциите“ научени изминатите 15 години.

Републиканците веќе го критикуваат предлогот на Пентагон.

„Конгресот нема простор за забуни. Противзаконски е и ќе остане да биде противзаконски да се пренесуваат терористи на американско тло“ изјави Спикерот на претставничкиот дом, Пол Рајан. „Ние нема да ја загрозиме нашата национална безбедност поради ветување дадено за време на кампања.“ кажа тој.

„Ние сме во војна, неверојатно но претседателот е повеќе фокусиран на релоцирање и ослободување на непријателски борци отколку приведување нови“, додаде претседавачот комисијата за домашна безбедност, Мајкл МекКол.

Висок претставник од администрацијата кажа дека затворањето на затворот е приоритет за националната безбедност, додавајќи дека објектот „инспирира“ џихадисти и се користи како алатка за регрутирање терористи.

Претседателот Обама ја нагласи важноста за затворањето на објектот кога дојде на власт во 2009-та, но сега на помалку од една година од неговото претседателствување, остануваат околу 91 затвореници. Обама вели дека кога тој ја презел функцијата имало двопартиска поддршка за затворање на затворот, но со текот на времето, законодавците се „загрижиле за политиката“ поврзана со случајот.

XS
SM
MD
LG