Линкови за пристапност

Ново перуанско мегапристаниште ќе биде во мнозинска сопственост на Кина


Ново перуанско мегапристаниште ќе биде во мнозинска сопственост на Кина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:17 0:00

Пристаништето Чанкај, мегапристаниште изградено од Кина во Перу, може да стане порта за азиската трговија во регионот. Но, локалните жители и безбедносните аналитичари велат дека економската корист има своја цена. Известува Адриана Нуњез Рабаскал.

Овој залив за само неколку години стана непрепознатлив за Миријам Арс.
„Овој залив престана да биде залив. Целосно е покриен, осакатен“, вели Арс.

Арс цел живот живее во заедницата во близина на новото пристаниште Чанкај во Перу. Таа вели дека изградбата на пристаништето и штети на животната средина и на 20-те илјади семејства кои живеат во близина, бидејќи отпадот од проектот завршува во океанот.

„Риболовот исчезнува. Таму каде што се гради пристаништето се размножуваат рибите.“, додава Арс.

Изградбата на ова масивно пристаниште во градот Чанкај – околу 70 километри северно од главниот град на Перу, Лима – се очекува да заврши до крајот на годинава. Целта е ова да стане порта за азиската трговија кон Јужна Америка.

Кинеската државна компанија „Cosco Shipping“ поседува 60% од пристаништето од 3,5 милијарди долари. Преостанатиот удел го има една перуанска компанија.

„Тоа ќе го консолидира трговското лидерство на Кина во Латинска Америка и ќе ги зајакне комерцијалните односи што веќе ги има со земјата“, додава Педро Малдонадо, економист.

Кинескиот интерес за Перу се фокусира на минералите и другите суровини во државата, вели економистот Педро Малдонадо.

„Од 60 милијарди долари што државата извезува во остатокот од светот, 20 милијарди долари одат во Кина. Најголем дел од извозот се минерали како што е бакарот“, додава Малдонадо.

Од „Cosco Shipping“ вели дека ова пристаниште ќе ги намали трошоците и ќе го намали времето на транзит на стоката од 30 дена на 20 дена.

Во интервју во јануари, портпаролот на „Cosco Shipping“, Марио де лас Касас, рече дека пристаништето може да опфати еден милион контејнери годишно.

„Перу е еден од лидерите во земјоделското производство, но нема капацитет да стигне до Азија. Се надеваме дека до крајот на 2024 година ова пристаниште ќе ја даде таа можност“, рече Де лас Касас, портпарол на „Cosco Shipping“.

Кина може да има и други амбиции со ова ново пристаниште, вели професорот за меѓународни односи Евклидес Тапија.

„Нема сомнеж и дискусија. Ако ова пристаниште треба да исполнува воена функција, ќе ја исполни. Во изградбата на пристаништето е вклучена и кинеската морнарица“, вели Тапија.

Тапија вели дека Кина исто така се обидува да го консолидира своето влијание во Латинска Америка со инвестирање во клучните трговски патишта.

„Ќе пости папочна врска меѓу Кина и Латинска Америка, слично како таа што ја градат на другите континенти како Африка или Југоисточна Азија. Тоа е исто сценарио: економска контрола и воено влијание“, смета Тапија.

„Cosco Shipping“ не одговори на неколкуте барања за коментар од Гласот на Америка.

Перуанските власти му дадоа на „Cosco“ ексклузивно право да управува со ова мегапристаниште. Потоа, тие рекоа дека немаат законско право да му ги дадат правата на „Cosco“. Како продолжува спорот, така и градежните работи... во меѓувреме, жителите гледаат како се менува пејзажот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG