Линкови за пристапност

Неприфатливо за Израел е да го отфрли решението за две држави, вели Гутереш


Ништо не може да го оправда колективното казнување на палестинскиот народ, вели генералниот секретар на Обединетите нации
Ништо не може да го оправда колективното казнување на палестинскиот народ, вели генералниот секретар на Обединетите нации

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, денес рече дека „јасното и постојано отфрлање на решението за две држави на највисоките нивоа на израелската влада е неприфатливо“, апелирајќи за поголем пристап до помош низ појасот Газа.

„Целото население на Газа трпи уништување со размери и брзина без паралела во поновата историја“, рече Гутереш пред Советот за безбедност на ОН.

„Ништо не може да го оправда колективното казнување на палестинскиот народ“.

Тој му рече на Советот дека хуманитарната ситуација во палестинската енклава е „ужасна“ и дека „народот во Газа не само што ризикува да биде убиен или повреден од немилосрдните бомбардирања, туку има и зголемени шанси да се зарази со заразни болести како хепатитис А, дизентерија, колера“.

Гутереш повторно апелираше за итен хуманитарен прекин на огнот.

XS
SM
MD
LG