Линкови за пристапност

Гутереш повика на целосен хуманитарен прекин на огнот во Газа


„Дијалогот што доведе до договорот мора да продолжи, што ќе резултира со целосен хуманитарен прекин на огнот, за доброто на народот на Газа, Израел и поширокиот регион“, рече портпаролот на Гутереш Стефан Дужарик
„Дијалогот што доведе до договорот мора да продолжи, што ќе резултира со целосен хуманитарен прекин на огнот, за доброто на народот на Газа, Израел и поширокиот регион“, рече портпаролот на Гутереш Стефан Дужарик

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш денес се заложи за целосен хуманитарен прекин на огнот меѓу Израел и палестинските милитанти Хамас наместо привремено примирје, бидејќи „хуманитарната катастрофа во Газа од ден на ден се влошува“.

Египетските, катарските и американските преговарачи се договорија за продолжувањето на четиридневното примирје во Газа што истекуваше денес, рекоа египетски безбедносни извори, во услови на растечки глобален притисок да се продолжи договорот што ги прекина седумнеделните борби.

„Дијалогот што доведе до договорот мора да продолжи, што ќе резултира со целосен хуманитарен прекин на огнот, за доброто на народот на Газа, Израел и поширокиот регион“, рече портпаролот на Гутереш Стефан Дужарик во изјавата.

„Обединетите нации ќе продолжат да ги поддржуваат овие напори на секој можен начин“, рече тој.

Гутереш повторно повика заложниците кои ги држи Хамас веднаш и безусловно да бидат ослободени, рече Дужарик.

Обединетите нации ја зголемија испораката на хуманитарна помош во Газа во изминатите четири дена за време на примирјето и испратија помош до некои северни области на крајбрежната енклава кои беа главно отсечени со недели, рече Дужарик.

„Но, оваа помош едвај се регистрира наспроти огромните потреби на 1,7 милиони раселени луѓе. Хуманитарната катастрофа во Газа од ден на ден се влошува“.

XS
SM
MD
LG