Линкови за пристапност

Гутереш ги повика Израел и Хамас да го продолжат привременото примирје


Народот во Газа се наоѓа среде епска хуманитарна катастрофа пред очите на светот, рече Гутереш на состанокот на министерско ниво на Советот за безбедност на ОН
Народот во Газа се наоѓа среде епска хуманитарна катастрофа пред очите на светот, рече Гутереш на состанокот на министерско ниво на Советот за безбедност на ОН

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш денес ги повика Израел и Хамас да го продолжат привременото примирје, велејќи дека е потребен „вистински хуманитарен прекин на огнот“ во војната која веќе трае осум недели.

„Народот во Газа се наоѓа среде епска хуманитарна катастрофа пред очите на светот“, рече Гутереш на состанокот на министерско ниво на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата.

„Не смееме да ги затвориме очите“.

Тој ги поздрави бројните камиони со помош и испораки на гориво што влегоа во Газа - на југ и на север - за време на паузата што започна во петокот.

Оттогаш, ослободени се и 60 заложници кои ги држеше Хамас и 180 палестински затвореници.

Но Гутереш рече дека е потребно „многу, многу повеќе“ за да се одговори на хуманитарните потреби на 2,2 милиони жители на Газа.

Тој го повика Израел да отвори повеќе од единствениот граничен премин што е достапен сега и повика приватниот сектор да ги рестартира комерцијалните активности.

Хамас уби околу 1.200 луѓе во Израел за време на своите брутални терористички напади на 7 октомври и продолжи со ракетни напади врз израелските градови.

Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, објави дека билансот на палестинските жртви од војната е над 15.000, повеќето од нив жени и деца.

Многу повеќе луѓе се водат како исчезнати под урнати згради.

Во понеделникот и вторникот, локалните здравствени власти соопштија дека 160 тела биле извадени од урнатините.

„За неколку недели, многу поголем број деца се убиени во израелските воени операции во Газа од вкупниот број на деца убиени во текот на која било година, од која било страна во конфликтот откако јас сум генерален секретар“, рече Гутереш, кој го започна својот мандат во јануари 2017 година.

XS
SM
MD
LG