Линкови за пристапност

Над 47.000 луѓе починале од жештина во Европа во 2023, покажа нов извештај


Грција, Бугарија, Италија и Шпанија се земјите со највисока стапка на смртност поврзана со топлина - Луѓе се разладуваат во фонатана во Атина, Грција, јули 2024 година
Грција, Бугарија, Италија и Шпанија се земјите со највисока стапка на смртност поврзана со топлина - Луѓе се разладуваат во фонатана во Атина, Грција, јули 2024 година

Повеќе од 47.000 луѓе починале во Европа поради високите температури во 2023 година, а најтешко биле погодени земјите од југот на регионот, според извештајот на Институтот за глобално здравје во Барселона објавен вчера.

Минатата година беше најжешката во светот досега. Како што климатските промени продолжуваат да ги зголемуваат температурите, Европејците живеат на континентот кој најбрзо се загрева, соочени со зголемени здравствени ризици кои произлегуваат од интензивната топлина.

Бројот на починат во 2023 година - под повеќе од 60.000 смртни случаи поврзани со топлината претходната година - би бил 80% поголем без мерките воведени во изминатите 20 години за да им се помогне на луѓето да се прилагодат на зголемените температури, како што се системите за рано предупредување и подобрувањата во здравствената заштита, се вели во извештајот на шпанскиот истражувачки центар.

„Нашите резултати покажуваат како постоеле процеси на општествено приспособување на високите температури во текот на овој век, кои драматично ја намалиле ранливоста поврзана со топлината и товарот на смртност во последните лета, особено кај постарите лица“, рече Елиса Гало, истражувач и автор на студијата.

Истражувачите користеле записи за смрт и температура од 35 европски земји.

Тие проценуваат дека 47.690 починале од причини поврзани со високите температури.

Грција, Бугарија, Италија и Шпанија се земјите со највисока стапка на смртност поврзана со топлина.

XS
SM
MD
LG