Линкови за пристапност

Глобалното затоплување урна рекорди во температури и климатски катастрофи во 2023 година


Impact of global warming on Lake Van
Impact of global warming on Lake Van

Во 2023 година беа урнати температурни рекорди ширум светот. Тоа беше најтоплата година досега, а некои научници велат дека e најтоплата во последните 125.000 години. Тие високи температури помогнаа да се поттикнат серија климатски катастрофи низ целиот свет. Анализа на Стив Барагона.

Шумски пожари во Канада, поплави во Либија. Две катастрофи во година заради екстермни временски услови.

2023 година ќе биде прогласена за најтоплата година досега. Секој месец од јуни до ноември беше најтопол за тој период од годината.

"Јули 2023 година беше најтоплиот јули досега во светот. Тоа беше најтоплиот јули со далечински истрел", вели Сара Капник од Националната управа за океани и атмосфера.

2023-та донесе бројни климатски катастрофи
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:11 0:00

Глобалните температури во септември беа толку многу повисоки од нормалните што еден климатски научник ги нарече „апсолутно изненадувачки“.

Немилосрдното загревање од климата предизвикано од луѓето, плус периодичниот глобален временски феномен познат како Ел Нињо, предизвика екстремни временски услови низ целиот свет.

"Знаеме дека со оваа дополнителна топлина во атмосферата, таа со себе носи дополнителна енергија, што значи дека добиваме поинтензивни, екстремни настани", вели Саманта Бурџис од Службата за климатски промени на ЕУ.

Не секој налет на лошо време се должи на климатските промени. Но, климатолозите од веб-страницата „Светска временска атрибуција“ открија отпечатоци од глобалното затоплување на овие временски катастрофи:

Во април, Тајланд и Лаос ги урнаа рекордите на високи температури на сите времиња. Научниците велат дека топлотниот бран бил невозможен без климатските промени.

Западниот Медитеран ги собори температурните рекорди тој месец во топлотен бран што ги направи 100 пати поверојатни.

Јужна Европа повторно се печеше во јули. Рекорди урнаа и Кина и пограничниот регион помеѓу САД и Мексико. Југозападниот американски град Феникс забележа рекорд од 31 ден температури над 43,3 степени Целзиусови.

"Ова не е рекорд кој некој сакаше да го собори, но дефинитивно е рекорд поради кој луѓето во Феникс не се задоволни", посочува Кети Џејкобс од универзитетот во Аризона.

Интензитетот на овие топлотни бранови беше речиси невозможен без климатските промени, според „Светската временска атрибуција“. Но, на денешната пожешка планета, можеме да ги очекуваме на секои 5, 10 или 15 години.

Повисоките температури побрзо ги сушат почвите и вегетацијата.
Тоа помогна за рекордните шумски пожари што ја опустошија источна Канада оваа година да станат најмалку седум пати поверојатно и 50 проценти поинтензивни.

Но, исто така ги предизвика големите суши во Сирија, Ирак и Иран, како и кризата со безбедноста на храната во Сомалија и остатокот од Африканскиот рог.

"Иако Сомалија практично не дава никаков придонес за климатските промени, Сомалијците се меѓу најголемите жртви", изјави Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Климатските промени ги интензивираат сушите, но и поплавите – бидејќи потоплиот воздух задржува повеќе вода, што значи посилни дождови.

Во Либија во септември пукна брана и уби илјадници луѓе. Тимот на „Светската временска атрибуција“ вели дека тоа било 50 пати поверојатно и 50 проценти поинтензивно отколку што би било без климатските промени.

И поројните дождови во ноември во Африканскиот рог беа близу двојно поинтензивни.

"Сушата доведе многу луѓе во областа на работ на она со што можат да се справат. Сето ова проследено со поплави навистина покажува дека границите на она на што луѓето можат да се прилагодат навистина не се далеку во многу делови од светот. И сè додека продолжуваме да гориме фосилни горива, овие работи ќе се случуваат повторно и повторно", вели климатологот Фридерике Ото.

Синоптичарите велат дека Ел Нињо веројатно ќе се намали околу средината на следната година.

Но, нема знаци дека климатските промени престануваат. Како што продолжуваме да ја загреваме планетата, се почесто се случуваат временски услови кои порано беа екстремни.

XS
SM
MD
LG